Почетна Вести Европа Владимир Путин предупреди: Поделбите во православието можат да донесат сериозни последици
Владимир Путин предупреди: Поделбите во православието можат да донесат сериозни последици

Владимир Путин предупреди: Поделбите во православието можат да донесат сериозни последици

379
0

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека поделбата меѓу православните цркви ќе предизвика „сериозни последици“ после одлуката на Цариградската патријаршија да ја признае автокефалноста на украинската православна црква.

Епископот Тихоин, Путин и Рускиот Патријарх

„Би сакал да нагласам една работа – политизацијата во едно така чувствително подрачје со себе ги повлекува најтешките последици, пред се за тие кои што го прават тоа“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на форумот кој што во Москва ги собра претставниците на руската дијаспора.

Ова е прв пат претседателот на Руската Федерација да проговори за кризата предизвикана со признавањето на автокефалноста на Украинската православна црква.

Путин го осуди „обидот за прекинување на врската“ помеѓу Руската православна црква и нејзините верници во странство.

„Наша заедничка задача пред луѓето е да го сочуваме духовното и историското единство на православието“, порача Путин.

Инаку, кон средината на октомври Цариградската патријаршија ја призна независноста на Украинската православна црква со што го отвори прашањето за милиони верници во таа земја каде што Руската православна црква има големо влијание.

Рускиот патријарх Кирил одби да ја признае одлуката на Цариградската патријаршија и сето тоа го прогласи за најголем раскол во христијанството во последните 100 години. Руската православна црква одлучи поради тоа да ги прекине сите врски со Цариградската патријаршија.

Православните Христијани во Украина се поделени, односно еден дел од нив припаѓаат на Московската патријаршија, додека другиот дел од нив, односно речиси сите Украинци се верни на Киевската патријаршија која што е прогласена за самостојна после независноста на земјата во 1992-ра година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *