Владиката Тимотеј по службата со владика на Вселенската патријаршија – го очекуваме Патријархот Вартоломеј во Охрид

Date:

Share post:

Митрополитот Кирил од Вселенската патријаршија, заедно со Митрополитот Тимотеј и Епископот Партениј служеа литургија во Бигорскиот манастир.

Митрополитот Кирил, кој важи за еден од најблиските соработници на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, по литургијата искажа почит и поддршка за долгогодишната борба за афирмација на МПЦ-ОА.

Митрополитот Тимотеј, пак изрази надеж дека вселенскиот патријарх Вартоломеј за скоро време ќе го посети Охрид и ќе го додели очекуваниот томос за автокефалност.

Митрополитот Кирил на дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј му подарил и сребрен јубилеен медалјон, во чест на 30-годишнината од патријаршиската служба на патријархот Вартоломеј.

Денешната празнична литургија во Бигорскиот манастир беше во чест на светиот Партениј Лампсакиски, а на неа присуствува голем број верници од сите делови на државава кои му го честитаа именденот на владиката Партениј.

Освен посетата на митрополитот на Имврос и на Тенедос, во Бигорскиот манастир, по повод празникот на Свети Партениј Лампсакиски и именденот на игуменот епископ г. Партениј, допатува и познатиот атински хор по источно православно црковно пеење „Тропос“, кој важи за еден од најдобрите хорови во православниот свет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here