Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

Date:

Share post:

Дебарско кичевскиот митрополит Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник, одлучи Синодот на МПЦ-ОА.

Ополето ќе биде во црквата Света Софија истиот ден, со заупокоената Литургија ќе служи Архиепископот Стефан во сослужение со надлежните епархиски архиереи и претставниц на други помесни цркви.

-Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј.

Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот.

На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.

Царство Небесно и вечен спомен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, стои во соопштението на Синодот на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Германски поклоници и политичка делегација го посетија Теолошкиот факултет во Халки

Теолошкиот факултет на островот Халки, во рамките на Вселенската Патријаршија, го посетиле две значајни групи посетители: германски православни...

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...