Почетна Вести Христијанство Владиката Tимотеј: Го поздравуваме писмото на Пендаровски до Вселенската патријаршија
Владиката Tимотеј: Го поздравуваме писмото на Пендаровски до Вселенската патријаршија

Владиката Tимотеј: Го поздравуваме писмото на Пендаровски до Вселенската патријаршија

327
1

Го поздравуваме писмото кое го испрати претседателот на државата до патријархот Вартоломеј и добро е што државниот врв се интересира да се реши спорот со црковното прашање, вели за ТВ24 митрополитот Дебарско-кичевски и портпарол на МПЦ, Тимотеј. Тој не гледа на овој потег како мешање на државата во црковните работи. На прашањето дали Пендаровски претходно бил на координација со претставници во Македонската православна црква, Тимотеј одговори:

„Jaс лично не сум имал средба и мислам дека немало таква официјална средба. Но, е за поздравување тоа писмо затоа што вселенскиот  Патријарх има таква надлежност, признавање на МПЦ во православниот свет“.

Во контекст на политичката клима и најновите провокации со меморандумот од Бугарија, Тимотеј оценува дека ова писмо не значи прескокнување на Бугарската православна црква, ниту реакција на меморандумот во кој се задира во македонскиот идентитет и јазик.

Пред три години Светиот синод на МПЦ испрати писмо до БПЦ во кое побара од неа да воспостави „евхаристиско единство со возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква“. Или накусо, МПЦ бараше од Бугарската православна црква да ја признае нашата како мајка-црква која прва ја прифаќа и застапува нејзината автокефалност и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и другите цркви.

Коментар(1)

  1. Vladiko, pa neli e tpa mnogu be batanje od drzavniot vrv? Drzavniot vtv za vreme na ko. unistite vi ja osnova crkvata, toj vrv vi ja proglasi za avtokefalna. Vmrovskiot pretsefatel Ljupvo Gorgievski vi barase priznavanje na avtoketalnosta od srpskiot patrijarh Pavle, plsle velevte deka ruskiot patrijarh ke ve sredi so srpskiot Irinej. Sega pak velis deka, gledaj cudo, Zaev i Pendarovski ke go resat toa prasanje so vselenskiot. Pa vie of niv napravivte pogolemi teolozi od vas, vicni da resavaat crkveni prasanja pokraj politickite. Pa ako Zaev i Pendarovski se zafatile za toa pradanje, zasto ste vie, kolci li ke siljate. Znaj deka vik ne jede od natuceno, nego sam ide da si zavrsi rabotu. Ako dopustite politicari da ja vrsat taa robota, vo celost ke go opradvate tvrdenjeto deka MPC e navistina politicka tvorevina, stvorena od politicari i taka im pruzate moznost crkvata da bode sluzavka na politicarite.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *