Почетна Вести Владиката со тракторот

Владиката со тракторот

1.01K
1

Митрополитот Мантинејски, на Грчката православна црква Александар е една поинаква слика од онаа што верниците обично ја имаат за владиците. Наместо во луксузен џип низ градските улици и автопатишта, него најчесто ќе го најдете на нова како со трактор ја обработува земјата.

Во ГПЦ важи за еден од големите љубители на почвата и на земјоделието. Грчките медиуми објавија репортажа за него во која тој заедно со уште неколку свештеници и мирјани ја собира годинешната реколта на компир.

Митрополитот Александар од нивата, имот на манастирот „Св. Николај“ во Леонидио во Грција собра речиси шест тони компир. Качен на трактор помогна во вадењето на родот.

За медиумите изјавил дека да не треба да бидат изненадени од тоа што вози трактор и собира жетва, бидејќи компирот им помагаат на монасите во манастирот за плаќањето на сметките на манастирот.

-Грците прават грешка откажувајќи се од земјата, бидејќи така од сопственици се претвораат во слуги. Сите се научивме на лесна добивка и малку работа, изјавил митрополитот.

Тој потенцира дека се чувствува многу подобро на тракторот, отколку во канцеларијата.

Инаку еден дел од средствата добиени од продажба на компирите ќе одат и за покривање на некои од активностите на митрополијата, како на пример двата старечки дом, кои епархијата ги финансира и помага.

/ARXON.GR

Коментар(1)

  1. Ova nisto ne e za cudenje. Covekot si ima poveke afinitet prema motika, otkolku prema molitva i videl deka poveke se ima polza od motika, otkolku od molitva. Staro pravilo vazi za kalugerite -molitva, ama i motika. Ne moze samo da se molis na boga, nego zemi nesto i rabiti. Bog dava, ama ne prinesuva na astal. Molitva treba pred da se see , ama ne i koga treba da se znee. So molitva ne se znee, tuku so srp.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *