Почетна Вести Владиката Пимен застана зад Игуменот Гаврил
Владиката Пимен застана зад Игуменот Гаврил

Владиката Пимен застана зад Игуменот Гаврил

2.07K
6

Европскиот Митрополит г. Пимен јавно застана зад Игуменот Гаврил, откако денеска во Австралија епархискиот-црковен суд на Австралиско-новозеландската Епархија донесе одлука за расчинување на Отец Гаврил. Владиката Пимен, преку својата Фејсбук страница јавно му даде поддршка на Игуменот Гаврил, охрабрувајќи го да истрае во својата борба.

pimen za gavril„Оче Гавриле, пиј си кафето и уживај.
Сети се на зборовите Христови: “не судете, за да не ви биде судено” и “кој за нож ќе се фати, од нож ќе загине” и моли Го Бога оној што те суди сепак Господ да го помилува.
И Паламовите: “држи го умот во адот и не очајувај”
И зборовите од нашите монашки денови: “та нели браќа сме и знам до каде можеш да одиш и ни еден суд не може да ми каже и докаже нешто друго”.
Јас сум со тебе, а верувам и секој што ве знае и двајцата.“, напиша Владиката Пимен на Фејсбук.

Останатите митрополити на МПЦ засега официјално не ја коментираат одлуката на Владиката Петар за расчинување на Отец Гаврил, со образложение дека официјално известување.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(6)

  1. Сите владици се со о. Гаврил, се виде уште кога беше на почетокот на годинава во Македонија.

  2. Дедо Владико убаво што го подржувате Отец Гаврил но дајте веќе Светиот Синод нека ја реши оваа работа.Преку глава ни е веќе дваестина години покрај сите проблеми што ги имаме одозгора и секојдневниве глупости од Администраторов Петар ем шут ем боде.

  3. OD PIMENOVA USTA VO BOZJI USI=OTECOT GAVRIL KAKO CEDO GOSPODOVO I DOBAR GOSPODOV DUHOVNIK=BAREM DO SEGA NEKA SI JA TERA OD GOSPODA DADENATA ZADACA I NEKA NE MU SE SEKIRA MNOGU=GOSPOD SEMOKNIOT I EDINSTVENIOT ZNAE STO I KAKO KE NAPRAVI SO NEGO=POZZ I BOZJI BLAGOSLOV DO OBAJCATA=AMIN

  4. … Одлично, нека Ви е Благословено кафето … пијте си, коментирајте си, судете си, аплаудирајте, смејте се, терајте по нашински … еден за овај, друг за онај … еден вака, друг така, или нака … поголемо знаење за Црквата, Православието, Бог, Верата, Простувањето, Смирението, Љубовта, Братството, Патриотизмот … како ,,ова,, овие денови јас немам видено … со толку длабоко ,,знаење,, сите треба веднаш да се хиротонисаат … смирете се луѓе, смирете се … не судете напразно …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *