Почетна Вести Владиката Пимен се појави во спот на „Бени и Нон Стоп“

Владиката Пимен се појави во спот на „Бени и Нон Стоп“

3.00K
2

Европскиот митрополит на МПЦ-ОА, г. Пимен уште еднаш покажа дека знае да биде надвор од стандардните клишеа за тоа како треба да изгледа еден епископ. Г. Пимен, познат по своите слободарски настапи, овој пат се појави во музички спот на рок бендот „Бени и Нон Стоп“.

Спотот е снимен во Преспа, родниот крај на Владиката Пимен, што пак дополнително му дава „шмек“ на овој музички видео запис.

Отец Пимен е познат како љубител на рок музиката и честопати се појавува и на концерти на рок ѕвезди.

Погледнете го видео спотот.

Коментар(2)

  1. Одлична песна, прекрасна порака и добар спот. И да: добро бутка… кога сака.

  2. Подобро во рок видео спотови неголи да пречекува Претседатели од Бугарски парламент, да подржува договори кои се лоши за самата МПЦ и за македонскиот идентитет и да биде бугарофил пеејќи македонски марш од времето на Втора Светска војна кога Македонија била под Бугарска окупација, а притоа МПЦ молчи и не се огласува на тоа. Браво за Пимен. До вчера и јас имав став дека не треба така да се однесува еден Владика и дека не е сериозен, но сега кога ќе размислам како верник, единствено Пимен остана нормален во МПЦ, а останатите делуваат како фарисеи. Добар спот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *