
Владиката Пимен отслужи молебен на гробот на Свети Кирил
622
0
Црковна делегација предводена од владиката Европски, г. Пимен, заедно со епископот Стобиски г. Јаков, утрово отслужи молебен на гробот на Свети Кирил во Рим.
Во состав на државниот дел од делегацијата, која се поклони на гробот на Свети Кирил, во црквата Сан Клементе, беа директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски, македонската амбасадорка при Светата Столица Марија Ефремова, генералниот конзул во Венеција Стојан Витанов и вршителот на должност во македонската амбасада во Италија Магдалена Димова.