Почетна Вести Христијанство Владиката Пимен ќе излезе на референдум – Како ќе гласа?
Владиката Пимен ќе излезе на референдум – Како ќе гласа?

Владиката Пимен ќе излезе на референдум – Како ќе гласа?

361
0

Митрополитот на Европската епархија, владиката Пимен, на прашањето дали го прифаќа или не Договорот со Грција рече дека неговиот личен став ќе го каже на референдум. Истовремено, тој изрази надеж дека ќе се одржи референдумското изјаснување на гражаните бидејќи, како што рече, се заговара бојкот.

– Самиот Договор по себе е далеку од идеален, но тој не е нешто толку погубно како што се толкува во некои случаи. Луѓето тоа го доживуваат како предавство. Крајната инстанца сепак останува на народот, не само на политичарите туку на секој еден поединец затоа што ќе има можност да се изјасни на референдум „за“ или „против“, изјави отец Пимен.

Прашан дали власта се меша во секуларноста на државата, тој појасни дека секогаш постои контакт меѓу црквата и државата затоа што, како што рече, сепак работиме со еден ист народ, луѓето кои гласаат и луѓето кои ја посетуваат црквата.

– Не може да се зборува за строга поделеност. Никој не може да ја повлече таа граница до каде е. Нормално е да имаме соработка, а од друга страна да се има и дистанца затоа што убаво е да се залагаме едни за други, ние како црква за напредок на државата и државата да се залага на напредокот на црквата и за надминување на некои вакви клучни моменти. Треба да има кохезија меѓу црквата и државата, а да не се загрози секуларноста, смета отец Пимен.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *