Почетна Вести Христијанство Владиката Пимен ќе гласа ЗА на референдумот

Владиката Пимен ќе гласа ЗА на референдумот

4.48K
5

Европскиот митрополит на МПЦ-ОА, отец Пимен ја поддржа владината кампања за Референдумот и најави дека на 30 септември ќе гласа ЗА договорот од Преспа, затоа што на тој начин се обезбедува европската иднина на Македонија.

Отец Пимен сними сопот, кој е објавен на официјаната фејсбук страница на коалицијата „Излези за европска Македонија“

Погледнете ја пораката на отец Пимен.

Коментар(5)

  1. Е, Владико, Владико, место да се занимаваш со богословски теми, Вие се занимавате со политика, ги прегазивте Вашите претходници владици и свештеници, како и Вашите претци, кои се бореа за самостојна МПЦ и самостојна Република Македонија, а ВИЕ се залагате да бидете владика на северно-македонска православна црква и држава, нека Ви служи на чест.

  2. Договорот е компромис и луѓето мора така да го третираат. Како и при секој компромис, нешто давате за нешто друго да добиете. Ние добиваме идентитет, а даваме опсег на употреба. Грција добива ерга омнес, а ПРИЗНАВА дека постои македонски јазик (читај член 1 став 3-в) и македонски народ (член 7 став 3) што е без преседан во историјата воопшто.
    Ова ми е поентата: и покрај тешките компромиси што ги содржи, луѓето треба да излезат и да го поддржат договорот. Така ја разбирам и пораката на отец Пимен.

    1. Правите поигрување со фактите. Македонскиот јазик е признат/прифатен од Обединетите нации како посебен јазик и оттука поигрувањето со фактот дека Грција го признавала јазикот. Ирелевантно е.

      Второ, член 7 став 3 го дефинира опсегот на употреба на терминот „македонски”, така што оставен е простор за дискусија дали Грција признава постоење на македонски народ, како што тврдите вие. Отттука, поигуравање со уште еден факт. Доколку Грција би признавала постоење на македонски народ, немаше да има бесмислена конструкција од типот „македонски/граѓанин на Република Северна Македонија”, која што ќе се користи за означување на државјанството во патните исправи.

      За другите точки и да не правиме муабет. На пример, преточувањето на Македонците кои што живеат во Грција во групата „дијаспора”. Тоа е исто така многу дискутабилно, особено ако се земе во предвид која е целта со овој потег, а и пошироко во однос на дефиницијата на „дијаспора”. Во договорот има премногу простор за манипулација.

      Од друга страна, целиот овој процес на правење на договорот, сите правно-легални недоследности поврзани со него и невидениот притисок од странците „добронамерници”, се додатни причини за некој со здраво размислување да си го стави прстот на умот и да се запраша што се случува во и со Македонија. На ништо не се пристапува суштински и здраворазумно. Само неписменост и ниски интереси. Вака во ЕУ?!

      Отттука, не ја разбирам пораката на отец Пимен, а уште помалку неговиот потег, земајќи ја во предвид одлуката на САС на МПЦ-ОА.

      1. Отец Пимен вели дека е потребно секој секому да подаде рака. А имаме и заповед да ги љубиме дури и своите непријатели.
        Тоа е и духот на овој договор: со грците конечно си подаваме рака и стануваме пријатели.

  3. Дали religija.mk врши промоција на рекламниот материјал од коалицијата „Излези за европска Македонија“? Ме интересира вашиот став и потребата од промовирање на дневно-политички теми, јас сум редовен Ваш посетител

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *