Почетна Вести Христијанство Владиката Пимен бил позитивен на Ковид 19
Владиката Пимен бил позитивен на Ковид 19

Владиката Пимен бил позитивен на Ковид 19

450
0

Европскиот митрополит на МПЦ-ОА, г. Пимен го прележал Ковид 19 вурусот. Отец Пимен денеска на својот фејсбук профил сподели информација со совет за консумација на витамини, во кои открива дека бил позитивен на вирусот.

-Новото нормално. Прележано, но навиката за билдање имунитет со витамини од А до Ш останува. Од искуство да ви кажам дека и тоа како помага, напиша оец Пимен на фејсбук.

Религија.мк, дознава дека Владиката на МПЦ-ОА, вирусот го поминал без сериозни симптоми и последици пред извесен период, најверојантно се заразил додека бил во Германија пред Нова Година, каде и на нога го поминал вирусот. Подоцнежните тестирања за антитела потврдиле дека тој ја има прележано заразата.

Отец Пимен е првиот епископ на МПЦ-ОА, кој имал искуство со Ковид 19. Од вирусот беа заразени и неколку свештеници на Скопската епархија. Владиката Петар неодамна соопшти дека заразени свештеници имало и во Преспанско-пелагонсиката епархија, каде за жал се евидентирани и неколку смртни случаи меѓу свештениците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *