Почетна Вести Христијанство Владиката Петар жестоко против непочитувачите на мерките: Додека едни умираат, други се журкаат

Владиката Петар жестоко против непочитувачите на мерките: Додека едни умираат, други се журкаат

344
0

За жал не извлековме и не извлекуваме поука од опасноста на смртоносниот вирус Ковид 19, вели Владиката Петар во своето Божиќното послание. Неговиот апел е да се запазуваат мерките за заштита, да се чува телото, но уште повеќе, да се зачува душата која е поскапоцена од телото.

-Покажавме дека сме крајно несериозни и неодговорни, почнувајќи од најповиканите до последните. Жалосен е фактот дека, додека едни страдаат и се борат за опстој на телесниот и душевниот живот, а со нив страдаат и нивните најблиски, особено на оние околу 2500 починати, а другите наместо да сочувствуваат, доколку не можат да сосрадуваат со страдалниците, се оддаваат на разврат, пијанство, дрога, журки, веселби поради изборни победи и понатаму обземени со мислите и чувствата, небаре вечниот живот е овде на земјата, истакна во Божиќното послание, вели Г.Петар Митрополит Преспанско – Пелагониски.

Во посланието зборува и реформите во образованието кои се планираат, за кои вели дека се става акцент на иднината, а истовремено се омаловажува минатото, историјата.

– Исто така, се нуди како избор и јогата. Апсурд! Своевремено, се дигаа големи прашини и негодувања за веронауката, па потоа беше и укината. А сега, кога се воведува јогата, која всушност е една врста т.н. источна религија, поточно квази религија, медитација, во време кога немаме веронаука, се врши апсолутен терор и агресија врз мнозинството верен Православен и друг народ во нашата земја. И овој пат, никој не реагира за тоа!

Токму затоа ја потенцира потребата веронауката да се воведе како задолжителен предмет во образованието од предшколска возраст до високото образование.

-Ние постојано им даваме и ќе им даваме благослов на нашите деца во училиштето да ги изучуваат природните науки и историјата како посебен предмет, но, доколку сакаме целосно да зреат, покрај образование да им овозможиме и воспитание. А, пак, единствен наставен предмет, преку кој на децата им се овозможува воспитание е предметот етика во религиите. А, ете, пак, во новиот концепт на образованието, овој предмет го нема како посебен, редовен предмет.

Во контекст на ова, Владиката Петар вели дека днешниов свет има насушна потреба од учени луѓе, но, неспоредливо поголема е потребата од воспитани луѓе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *