Почетна Вести Христијанство Владиката Петар за семејството и против ЛГБТ правата
Владиката Петар за семејството и против ЛГБТ правата

Владиката Петар за семејството и против ЛГБТ правата

290
0

Владиката Петар во Божиќното обраќање за „ТВ Тера„ говореше за семејството како единствена вредност во животот, им порача на мајките дека најголема кариера во животот се здравите деца и силното семејство, а погубни и запрепастувачки се ЛГБТ правата и „лажната либерална слобода“.

„Семејството кое изобилува со деца, воспитани, научени на набожноста, скромноста и благочестието е редок и скапоцен бисер на чија убавина секој се радува. Ваквото семејство е извор на радост, љубов и утеха, дрво насадено на воден извор, чии гранки се разгрануваат до Царството Небесно. За жал, денеска во земјава, широки врати отвара лажната либерална слобода во која, покрај запрепастувачките и погубни ЛГБТ права, како единствени вредности се промовираат и т.н. „слободна љубов“ и „слободен брак“ кои го убиваат раѓањето на децата, зголемувајќи ја гордоста и мечтаењето за големи кариери, со што пак се убива меѓусебната љубов на сопружниците, без која во семејството не може да има меѓусебна грижа и почит“ вели меѓу другото во Божиќното обраќање Владиката Петар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *