Почетна Вести Владиката Петар: Вредните икони се за црквите, не за музеите
Владиката Петар: Вредните икони се за црквите, не за музеите

Владиката Петар: Вредните икони се за црквите, не за музеите

362
0

На Македонската православна црква треба да и бидат вратени сите значајни икони кои денеска се чуваат во музеите во Македонија. Тие икони во минатото имале чудотворна моќ, а денеска тие наместо во манастирите, каде што им е местото, тие стојат во депоата на музеите.

Владиката г. Петар во емисијата „Само Вистина“ побара државата да го почне процесот на враќање на иконите, бидејќи денес, за разлика од минатото во манастирите има одлични услови тие икони да се вратат.

-Има премногу вредни и значајни икони кои се чуваат во музеите, како на пример Пелагонитиса, таа е чудитворна икона која му припаѓа на манастирот, каде денеска има седум калугери, а игуменот е и владика. Иконата чудотворна треба да биде на место каде била поставена за да се молат верниците пред нејзе, вели владиката г. Петар, посочувајќи дека ако овие икони останат во музеите, Македонија ќе ги загуби.

Владиката г. Петар во интервјуто зборува за состојбите во МПЦ, разговорите со СПЦ, а одговара и на прашањата поврзани со имотот на црквата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *