Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар ја претставува МПЦ-ОА на меѓународна конференција во Јордан – Процесот од Акаба-Балкански меѓународен дијалог. Во придружба на владиката Петар е професорот Борче Грамбозов. Тие денеска ќе учествуваат на оваа конференција, која е по иницијативанна кралот Абдулах II на Јордан.
Поканата за МПЦ-ОА е преку државните власти и била наменета за Архиепископот Стефан, но тој поради чествувањето на Свети Климент Охридски не отпатувал. Таму се претставници на црквите од Балканот, меѓу нив и домаќините, Ерусалимската Патријаршија и Антиохискиот Патријарх Јован, Српскиот Патријарх Порфириј и Албанскиот Архиепископ Јован.
По пристигнувањето, гостите имаа можност да го посетат местото на кое Богочовекот Христос бил крстен од страна на свети Јован Крстител.
Во април оваа година оваа конференција се одржа во Бугарија. Во Софија тогаш беше претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Сега нема информација на кое ниво Македонија е присутна, иако таму е албанскиот премиер Рама, и претставници на држави членки на Европската Унија.
Фото: Литуегија.мк

