Владиката Петар удри по Владиката Јован – кратко траеше хармонијата во МПЦ

Date:

Share post:

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар жестокот го нападна митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован, во гостување на поткастот НатКаст со Љупчо Цветановски.

Гостувањето на Петар во овој поткаст е директно мотивирано од учеството на Јован во поткастот ПопКаст на Слободен Печар, каде тој најави дека пред Синодот на МПЦ-ОА ќе го отворат прашањето за нефункционалноста на епархиите што владиците од поранешната ПОА ги добија, кога се вратија во МПЦ-ОА. Она што дополнително, веројатно, го изнервирало владиката Петар е тоа што Јован зборуваше за улогата на ПОА  во решавањето на спорот со СПЦ и заслугата што за тоа ја има Јован. Петар веројатно мисли дека тој е најзаслужен за „автокефалноста“ на МПЦ-ОА, па побрза да одговори со серија навреди и обвинувања.

-Секогаш се фали дека тој многу бил заслужен за автокефалноста на МПЦ. Па ние сите понижувања што ги добивме од СПЦ беше негово дело. Сите понижувањеа беа на негово инсистирање. Тој, ако некој има најмногу заслуги што нам ни е сменето името на државата, знамето, тоа е негова заслуга и заслуга на ПОА. Тие никаде немаа едно М. Затоа беа примани во сите цркви, затоа што требаше да се смени името. Тоа што имаме спор со Цариградската патријаршија околу името и она што мораме да го кажуваме за државата, тоа е негово масло, заслуга на ПОА. посведочи владиката Петар во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски.

Петар тврдеше дека прашањето со СПЦ одамна ќе било решено да не бил Јован, кој според него ги довел во заблуда владиците на СПЦ и ги лажел дека нардоот во Македонија е со него. Потоа потенцираше дека кога тој се ангажирал, на СПЦ и станало јасно дека биле излажани од Јован и така се дошло до решение за автокефалноста.

Петар во нападите кон Јован зборуваше за историските настани од времето кога беше Митрополит во Штип и во Велес. Повтроно ги актуелизираше судските процеси, обвинувајќи го Јован дека бил материјалост и растурач на црквата.

-Мене ми е жал што тоа се случи сега. Ако тој не излезеше со вакви некои изјави и да бара дека тие епархии биле нефукционални, а добиле преку леб погача, немаше да излезам да дискутирам ако тој не излеше да каже невистини. Се додека и во црквата има неказнивост, се додека кај нас има расчинети свештеници и свештено монаси, кои ја напуштиле службата, а не се расчинети, а некои од нив се омажени, оженети, ние не личиме на црква. Како што во државата се бара да профункционира правниот систем така треба да биде и во црквата за да бидеме автокефална црква, вели Петар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Научна конференција по повод 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Софија

На Богословскиот факултет при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи научна конференција под наслов „In unum...

Голема екуменска конференција во Бостон

Во САД, во организација на Икуменскиот институт Хафингтон (Huffington Ecumenical Institute),  во Културниот центар „Малиотис“ при Хеленскиот колеџ...

Рускиот патријах без одлука на Синодот разрешува непослушни владици

Касно вечерта на 8 ноември рускиот патријарх Кирил ненадејно го разреши патријаршискиот егзарх за Западна Европа – Корсунскиот...

Собранието на епископите на САД: „Забрзан раст на Православието во Америка“

Собранието на канонските православни епископи на Соединетите Американски Држави се собра во Денвер, Колорадо, од 6 до 8...