Почетна Вести Христијанство Владиката Петар со песна и жива музика испратен од Крушево?
Владиката Петар со песна и жива музика испратен од Крушево?

Владиката Петар со песна и жива музика испратен од Крушево?

14.90K
6

Видео од прослава од свештеници и владиката Петар, заедно со верници од утрово е хит на социјалните мрежи. Видеото е снимено цековните простории по одбележување на некој празник, а на кое се гледаат расположени свештениците и особено владиката Петар, (со добро црвено вино) кој како вокал ја прати живата музика.

За распеаните свештеници и владиката има различни коментари. Видеото, според познавачи е снимено во Крушево и на шега велат дека најверојано е „опроштајна прослава од Владиката“, бидејќи од 5 јуни Курушевско-демирхисарски митрополит ќе биде Јован, наместо догсеашниот Петар.

Го слават ли заминувањето на владиката Петар од Крушево свештениците, или пак го испраќаат со песна?

Злобниците ќе речат два града помалку во неговата епархија, ќе значат повеќе време како газда да се посвети на неговата телевизија.

Уживајте во убавата песна… Прикалдна…. „На висок чардак да седиш, жолти жолтици да нижиш, на бело грло да носиш.“… Ама Петре не се дава…

Коментар(6)

  1. Може да се јави на Звезде Гранда. Сигурно ќе стигне до финале. Има кој да гласа за него во Белград.

  2. Убава христијанска македонска песна, една од најубавите. Можеби е народна (што е уште повредно!), а пее за христијанка со непоколеблива вера, за девојка која ги одбила соблазните на овој свет заради својата убава вера во Господ: пари, скапоцен накит, патувања, прошетки… Колку од денешните девојки имаат храброст отворено да ги одбијат лесните можности за лагоден живот?! Не е поентата во тоа дали човек се весели (ниту е секое молчење свето ниту тажниот или мирен израз на лицето сведочи за нечија духовна величина) туку длабочината е во она што е причината за човековата тага, радост или спокојство. И ете: ништо непристојно во видеото што го споделивте. Непристојно е ако од злорадост посакавте да понижите еден Епископ и неговото свештенство за дело во кое гледаме една пријатна трпеза на љубовта во која се велича христијанскиот идеал на живеење.

  3. Зарем учество на Ѕвезде Гранда е понижување? Еве може Ангелина да му е придружба на дотичниот полавладика/полабизнисмен на Ѕвезде Гранда.

  4. Зарем кога од некого се збогуваме нема да седнеме на заедничка трпеза? И нема ли сите заедно да запееме? А ќе има и по некоја солза. Кога некого го љубите така го испраќате.

  5. Оној чиј глас се слуша нема потреба од флуоресцентни сцени. Ја крева раката во својата тишина и полк го следи. И небото и земјата ги начулиле ушите за да го наслушнат секој двиг на неговото срце. А кој останал да се зашеметува од вештачките светлини на неодживеаното (значи и неразбраното Евангелие) и Самиот Христос ќе Го нарече умножувач на алкохол за група поднапиени сватови на некоја свадба во Кана Галилејска, и тоа по наговор на една Мајка со сомнителен морал. Љубовта е единствената Вистина, не заборавајте. И единствената Правда. И единствената Премудрост. Надвор од неа нема Светлина и човек не може да види ништо. Особено не на Звезде Гранда.

  6. Ако можеа најмалку две деца на македонски свештеници (и тоа еееј стигнаа до финале), од кои едниот од епархијата на владиката бизнисмен, тогаш зошто не би можел и владиката – тв магнат лично. Ако тоа е нивото на неговите свештеници, веројатно исто ниво споделува и дотичниот владика. Ако не у Ѕвезде Гранда барем нека е у Никад није касно.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *