„Јас сакам што побргу, ако има намера Цариградската патријаршија да ни даде Томос. Велам уште утре, без никакви условувања. И во врска со тој томос за името, нека биде Охридска Архиепископија, Јустинијана Прва.. и нека биде и третото име Северно-македонската православна црква“. Ова го изјави владиката Петар во гостувањеето на Телевизија 24.
Обидувајќи се да објасни дека Вселенската патријаршија ја условувала МПЦ со ерга омнес име во кое нема да го има зборот „македонска“, владиката Петар вели дека Фанар, ако имал искрена намера, можел да даде Томос со име „Северно-македонска православна црква. На тој начин, вели владиката Петар, МПЦ-ОА нема да била обезличена и ќе било јасно чива е таа црква.
Да не ни се нам импутира, како што ни се импутира дека ние сме етнофилетисти дека името МПЦ, што ние го носиме е спред нацијата, што не е точно, туку по земјата. Тогаш нашата дежава се викаше Република МАкедонија, дури и сега со таа додавка несреќна пак е Македонија. Но сега ни се забранова и со тоа име, кое што е признаено во ООН да го употребуваме. На што тоа личи извинете. Тортура да врши некој врз нас, за да ние не го употребуваме името кое цел свет го употребува. Еве јас сакам да кажам дека ако има искрена намера Вселенската Патријаршија да ни даде Томос, кажувам уште утре, нека биде и третото име вклучено, покрај Охридска Архиепископија и Јустинијана прва, да биде вклучено и името Северно-македонска православна црква. Не православна црква на Северна Македонија, затоа што тогаш значи обезличување, значи Православна во Северна Македонија, значи ничија, а ако се рече Северно-македонска православна црква, тогаш се знае дека името и е такво според државата и автоматски се исклучува можноста некој нас да ни импутира дека сме етнофилетисти, изјави владиката Петар за Телевизија 24.
Навистина сосема во право е Архиепископот Стефан кога вели дека нема полошо од оволчени шарпланинци да пуштите да го чуваат стадото.


Очигледно деменцијата се раширила као заразна епидемидија во Синодот. А и новинарите као да ја имаат закачено па забораваат да му го постават вистинското прашање на дедото.
Петре мора прво да одговори за неговата дружба со манијак-патриотот Палчо. Па нели беа другарчиња. Истиот “шарпланинец” на изложба го носеа и со него деца плашеа. Па дури потоа нека толкува квазипатриотски гачки.
И пензија. Веднаш. Иако ниту пензија не заслужува.
Ако Фанар не ги обезличуваше Помесните Православни Цркви ќе немаше јурисдикција никаде – ќе му останеа само две-три илјади Грци во Турција. Ако Фанар ги нарекува другите Помесни Цркви со нивните национални имиња, ќе треба да се нарече себеси Турска Православна Црква. Фрустрацијата на Фанар од загубата на Мала Азија во 1920-те, и посегањето не само по грчката дијаспора на малоазиските Грци (која природно и му принадлежи) туку и по дијаспората на сета православна екумена, што лукаво го изведе злоупотребувајќи ја и доотежнувајќи ја во соработка со советските власти тешката позиција на Руската Православна Црква во болшевичкиот период, со што ја подвласти (наводно привремено) многуплодната руска православна емиграција под своја административна палка и се утврди во ‘Новите земји’ со нескриена, крајно безочна интервенција на политичкиот врв на САД (претпоследниот Константинополски Патријарх е избран и востоличен со непосреден избор на американскиот Стејт Департмент, долетан на востоличување во Истанбул со американски авион директно од САД, станува турски граѓанин со врачување пасош на аеродромот ден пред да биде востоличен, што е само најфлагрантниот пример за степенот на таа непојмлива црковно-статешка спрега на Фанар со моќниците на овој свет), сето тоа не му дозволува на Фанар да дејствува природно и во хармонија со каноните на Православната Црква. Наместо тоа, веќе одамна ги извртува еклисиолошките принципи за самооправдување на својата веќе не еклисиолошка туку земна, чисто светска, профана геостратешка позиција, од која освен себеси (нека се нарече де, нека се смири пред историската реалност, нека се именува Православна Црква во Турција, како што бара од другите да прифатат јурисдикција во границите на државата во која опстојуваат, нека се одрече и самиот од својата неоснована јурисдикција во дијаспората, каде впрочем грубо ги крши дури и каноните на Литургијата, благословувајќи причест на римокатолици во храмовите под негова непосредна надлежност, без да бара од тие домородни христијани со римокатоличка вероисповед никаков чекор на прифаќање на Православието). Од тој Фанар ли барате да ја признае автокефалноста на Македонската Православна Црква (која е реална, богодарувана, автентична, за што совршено и непоматено сведочи непрестајното дејство на благодатта на Светиот Дух и посветеното чување на Христовите заповеди без никакви премоткувања на можности туѓи на чистотата на љубовта и верата)? Никој не може да им служи на двајца господари (рекол Христос), но Фанар очигледно може. Кој од нив притоа го засакал, а кого намразил, заклучете сами. Треба да одлучите дали ќе му служите на Фанар, кој од вас тоа и го бара, (сакајќи да ви ги одрече сите дарови Божји со кои досега Господ, а не Фанар ве украсил, дури и да ве обвини за етнофилетизам) или на Господ, Кого такви првосвештеници како денешните преговарачи од Фанар и Го распнале. Не е време вие, архиереите на Македонската Православна Црква, да се вознемирувате и возматувате: не сте Го посрамиле вие Христа досега, дури и барајќи признавање на автокефалноста на нашата Света Црква само ги поттикнавте другите да си го обелоденат нивното сведоштво, кај кого братско – братско; кај кого волчјо – волчјо. Светоста во Црквата се гледа во вакви времиња: на некогашните Свети исповедници дури и јазици им сечеа, нив царевите на Фанар ги гнетеа, мноштва ги ненавидеа, не значи дека тие изгубија, а нивните гонители победија. Кнезот на овој свет си има свои поданици, Господ Свои. Секое вакво искушение е избор каде ќе се вброите. Слободно уживајте во глетката и орете ја нивата Госпдова како и досега. Не грижете се за тоа што ќе јадете и што ќе пиете утре, знаејќи дека на секој ден му е доволно неговото зло. Вашето никој не може да ви го земе, да можеше Господ ќе беше неверен, а не е. Присетете се, на пример: чиј противник беше Св. Максим Исповедник? На византискиот цар и на Цариградскиот патријарх! Присетете се само колку цариградски патријарси беа еретици, и колку на таа катедра од самиот почеток и’ се својствени дворските игри. Тие ли ве обвинуваат вас за етнофилетизам? Нека обвинуваат, слободно. Такви како нив во минатото ги обвинуваа и сите Светители под нивна јурисдикција, значи дури и своите правдољубиви и свети сограѓани, со чии перја денес се китат и ја промовираат славата на Цариградската Патријаршија која со истата “административна” грабливост си преде за своето дувло и име. Нема потреба никому да удоволувате и од ништо да се одрекувате, особено не да се оправдувате за своето македонско име и чест. Малоазиските Грци влегоа во имотите на нашите Македонци, не обратно. Нивен е срамот, нивен е денот за покајание, нивна не може да биде честа да ја признаат автокефалноста на Македонската Православна Црква. Тие тоа не го можат, до денес не принесоа покајание, ѓаволот во нивните срца очигледно не им дозволува. Од тој ѓавол тие сепак не се ослободиле. Со која благодат ќе го направат тоа? Но ете, вие изгледа заборавивте дека сета награда и богатство на христијаните се на небесата. Како може некој чие богатство е на сосем друго место да гледа на вашиот подвиг со светло око и со чисто срце? А туѓата слабост не е ваша. Ако некому претставува нечие име и идентитет пречка за да го прифати и признае за верен во Христа, тоа е лик со сериозно духовно пореметување. Тој лик не може да доделува достоинства, како може некој да ви го даде она што самиот го нема! Сите ние во Црквата треба да ги носиме бремињата еден на друг, ама тоа не значи дека треба да ги украсуваме со достоинства оние коишто не можат да ги носат. Врховно достоинство може да носи лик со љубов слична на љубовта на Небесниот Отец, а не некој кого го иритира нечие име, идентитет итн. Да сакаш да се нарекуваш Вселенски Патријарх значи да имаш и вселенска љубов, не само во ширина (демек разговарам со сите конфесии, ги прегрнувам сите, бла-бла-бла…), туку и во длабочина, до секоја честичка од вселената, особено кон оние кои се православни христијани и се обратиле со љубов и почит, оние за чиј аскетско-благодатен подвиг природно треба да имаш осет. Но, Фанар одбра да нарамува бремиња за Македонската Православна Црква (па и за други Помесни Цркви) кои особено самиот не може да ги носи, одбра мравката да ја цеди, а камилата да ја проголтува. Си остана стариот, тесноград и немоќен Фанар, никако да прерасне во Вселенски. Бог да Ја благослови и неотстапно да ја раководи и украсува Светата Македонска Православна Црква во Чии пазуви мноштво луѓе во Македонија и во дијаспората духовно се раѓаат, растат и се приготвуваат за Царството Божјо! Бог да И’ ги дарува Својот изобилен мир и непосрамена надеж во сите векови. Амин.