Владиката Петар шири српска пропаганда меѓу клирот на МПЦ-ОА – еве што им испраќа во пораки

Date:

Share post:

Владиката Петар се врати од визитата во Австралија, злобниците ќе речат од „предновогодишната жетва“, (жетва во црквата е синоним за настани на кои се собираат пари), но досега ниту збор не изусти за трагедијата што ја потресе Македонија, а во која главна улога имаше неговиот партнер од „мисијата спас за МПЦ-ОА од злите фанариотски сили“.

Но затоа владиката деновиве се занимава со ширење српска пропаганда меѓу клирот на МПЦ-ОА.  Петар нашол некои историски „факти“ кои зборуваат за „грчкиот геноцид на Србите од Егејска Македонија“ и се тоа фино го срочил во порака, која им ја испраќал на владиците, свештениците, блиските пријатели и соработници. Па така пораката стаса и до Религија.мк.

Насловот на таа циркуларна „историска лекција“ е : Да ли знате за геноцид Грка над Србима?. Секако текстот е на српски јазик…

Еве што им испраќал Владиката Петар на своите пријатели.

Текстот е интегрален без интервениции:

Да ли знате за геноцид Грка над Србима?

Већина не, опет у име неког лажног братства.

Са Пелопонеза је протерано 2,5 милиона Срба, а стрељано око 800.000 Срба у име стварања модерне грчке државе.

Када су Грци напустили Турску, Солун је био потпуно српски град. Постоје слике масовних убистава – геноцида над Србима Македонцима у области Егејске Македоније. Овде пре 1878. готово да није било ниједног Грка. Према попису из 1912. Грци су били мањина у читавој Егејској Македонији, па чак и у самом Солуну. Заборављени су грчки злочини над аутохтоним србским живљем током грађанског рата од 1946. до 1949. године. Ово је била завршна фаза етничког чишћења Срба у Егејској Македонији који на том простору живе миленијумима.

Злочини су настали за време комунистичке побуне против грчке владе.

Историјат пописа становништва:

1904 (турски попис): Срби православни – 896.494 (око 85%)

1912 (грчки попис): Срби/Македонски Словени (православни) – 326.426,

Срби/Македонски Словени (муслимани) – 41.000

Турци – 295.000

Грци – 234.000

Јевреји – 60.000

Власи – 50.000

Цигани – 30.000

Албанци – 9.000

1913 (грчки попис): Македонски Словени (православни) – 370.371

Турци – 274.052

Грци – 236.755

Јевреји – 68.206

Власи – 44.414

Цигани – 25.302

Албанци – 15.108

остали – 8.019 1920.

(грчки попис):

Срби/Македонски Словени (православни) – 500.000

1949 (грчки попис):

Срби/Македонски Словени (православни) – 195.395

Данас (грчки попис):

Срби/Македонски Словени – 0

Грци који говоре словенским језицима – 10.000

Промена имена места у Грчкој je систематска замена негрчких географских и топографских имена с грчким, као дела политике и идеологије хеленизације. Ове топониме масовно замењују имена из класичне Грчке. Главни део замењен је од 30-их година 19. века до 1998. године. Већина промена географских и топографских имена је у Северној Грчкој, а друга је у континенталној Грчкој северно од линије Воница—Карпеница—Бодоница—Тополиjа. Употреба негрчких имена и топонима кажњива је према грчком закону.

Према подацима Института за савремене грчке студије у Атини, између 1913. и 1996. године, у Грчкој су промењена имена 4.413 насеља. Макс Фасмер у свом раду „Словени у Грчкој” наводи 2.142 словенских имена насеља у Грчкој 1941.

Ова е „историјата“ што владиката Петар ја знае и ја шири, додека истовремено во јавните настапи се претставува за големиот патриот, македонист кој ќе ја спаси црквата од „лакомоста на Фанар“….

 

11 COMMENTS

  1. Изворот не е наведен. Го сретнав овој текст на Facebook, но не се сеќавам дека како автор беше потпишан Митрополитот Петар. Да не го препраќал на пријатели за да прикаже нечија друга пропаганда? Вие велите дека еден од најстарите митрополити кои со децении беа столбови на автокефалната Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија од Нејзиното возобновување до денес на стари години преминал на страната на која некогаш и’ опонирал, на екстремниот српски национализам? Тоа е повеќе од чудно. За вакви тврдења ќе треба да приложите сериозни докази, без циркузијади за некакви новогодишни жетви и сл.

  2. Татко на Владика Петар беше Србин, сахрањен је с шајкачу.

  3. Сигурно на Петар хакиран му е телефонот од страна на НАТО, ЕУ и америчката амбасада у Скопје.

    Исто и заедничките фотографии со манијак-убиецот Палчо се фотомонтажа од истите тие западњачки НАТО структури раководени од Фанар и Ватикан. Ниту еден владика се нема сретнато со Палчо. Можеби онака од нога дрмнале заедно по некоја водка на прием во некоја амбасада, ама никогаш лично не се познавале. Ниту пак делеле исти вредносен систем и погледи. Се е тоа НАТО – Фанар пропаганда.

    Нема да ме изненади следно да е зум јавување на Палчо директно од апсаана во Стамбол на ТВ Вистел.

  4. Охоо, ако набројуваме со колку се’ криминалци на политички функции или во бизнисменски костуми се сретнале нашите, а и не само нашите владици, ќе ни треба многу залудно изгубено време. А може да има разни причини некој со некого да се среќава. Најдете попаметна работа од таа да тврдите дека сте од оние што го шпионираат телефонот на Митрополитот Петар или дека имате друг увид во вид на информација од прва рака. А немате и никаков доказ дека Љупчо Палевски е убиец. Всушност, тоа не е никаква христијанска тема (кој со кого е виден, кој со кого се допишувал итн.). Само сведоштво за Вашиот духовен формат. Хајка кон еден Митрополит на МПЦ-ОА кој не ги дели Вашите гледишта и не ги застапува Вашите идеали и интереси.

  5. Васко, точно е. Додека се фотографирал и кркал посна зелка со владиците (читај Петар, Григориј, Агатангел) не бил убиец. Тој тогаш се уште бил убиец во најава кој дели исти погледи на свет со дотичните дедовци.

    Сега ги има фатено некоја амнезија нашите дедовци и на ништо не се сеќаваат. Мачка им го изела јазикот и ништо не зборат за дружбите со манијакот-увиец и ептен голем патриот Палчо.

    Може за Божиќ ќе им испрати по една честитка од апсаана во Стамбол, чисто онака од куртоазија, во сеќавање на добрите стари дружења.

  6. Исти погледи на свет со Епископите? Можно е. Значи тоа е некој возвишен човек? Го носи Бога во срцето постојано, пости, се моли, живее во подвиг на покајание, добротвори, богослови, се воздржува, трезвеноумен, смирен, целомудрен е…? Зашто погледите на светот на Епископите се најтесно поврзани со нивните подвизи. Тие знаат како нивниот пост и молитва се одразуваат на светот, знаат и што произлегува од нивното богослужење. Тие се на првата линија на фронтот против светското зло, нивната борба е тивка и нечујна. Го живеат плачот за спасението на светот, особено ревносно се борат против демоните кои лесно ги погубуваат човечките души правејќи ги неправедни клеветници. Овој човек кого го нарекувате убиец, таков подвижник ли е? Како Епископите ли е? Се разбира, подобро е да не се возвисуваат клеветниците нарекувајќи се себеси совршени (зашто кој друг има право да го земе судот во својата уста освен совршениот] небаре ја победиле слабоста на човечката природа. На пример пожелно е да не се возвисуваат над Св. Цар Давид, кој веќе како избраник Божји меѓу Израилот, го испрати свесно во смрт својот војсководец Уриј Хетеецот за да ја земе неговата жена Вирсавеја, за што подоцна од Господ беше казнет, но не му беше одземена пророчката благодат. До денес има толку нерасветлени убиства и толку неправедно обвинети, што повеќе од бесмислено е да си ја оцрни човек својата душа од наивност и да фантазира за погибел (каква било погибел) на неистомислениците.

  7. Sekoj znae deka vladikata čičko Petar mnogu laže i na nego nokoj ništo ne treba da mu veruva, oti mnogu laže, pa taka i za ova laže.

  8. Почитуван г-дине Василие, човекот е духовно мртов (под ‘мртов’ тука подразбирам немоќен, со безвластен, недејствителен ум, со ум кој нема сила ништо да преобрази, значи да преобрази со конкретни ефекти во посакуван правец), ако сходно на неговата мистична ипостас (вродени духовни потенцијали и својства нераскинливо врзани со неговата богодарувана духовна позиција во човештвото, а секој ја има, ваква или онаква) со неговиот подвиг и со даровите Божји кои за тој подвиг ги добил како поддршка (кому какви, ги има разни), значи секој духовно мртов ум е способен само да констатира, да прифаќа или одбива, при секој наговор на т. н. очигледна реалност, не испитувајќи од каде доаѓа тој наговор, предлог за прогласување “вистинитост” на што било. Дарот за духовно (вистинито, творечко расудување), Светите Отци го сметаат за најголем и најредок (“Оној кој се спознал себеси е повисок од оној што ги гледа ангелите” – тоа не е едноставно самопознание кое ги гледа своите видливи гревови или ‘технички’ таленти, рефлексивност и вештини и го продлабочува својот духовен вид постојано, туку точка на самопознание каде што умот ја препознава сопствената мистична ипостас и сходно на неа ги исполнува заповедите Божји, непрекинато трезнење на умот кое за подлога веќе има основен дар на ‘трезвеноумие’, распознавање на мистичниот квалитет на сите твари и секако, има и веќе преобразени, духовни сетила, а со болка ги гледа и своите безбројни невидливи гревови со кои предизвикува силни видливи ефекти кон останатите, радувајќи се и при најмалата победа да ги одбегне). Ако не сме дошле барем до некој таков духовен објектив кој ни укажува дека мора да држиме дистанца од предлозите за вистинитост на чиј било заклучок кој ни се нуди од сеедно која страна за било што, макар и просто од нашиот ум и нашите сетила во состојбата и на рамништето во кои тие во дадениот момент се (зашто духовно неоднегуваниот ум е како немирна вода, која надоаѓа, бликнува, па понира, се разлева на сите страни, според тоа на што ќе наиде), значи ако не сме резервирани по прашањето на вистинитоста на нештата и ако не можеме да го задржиме нашиот ум во состојба на тихување (будно молчење, до мигот на откровението на Божествената вистина), тогаш лесно и своеволно ќе излегуваме од своето човечко достоинство токму во напорот да го посведочиме, како што вели фронтменот на ‘Рибља чорба’: “Јер мајмун ради што мајмун види” (нека ми простат и мајмуните во случајов, во песната се малку поетски злоупотребени во педагошки цели, зар не?). Знаете, од добри православни подвижници некогаш сум чула како изговориле со потресно искрен тон “сите сме разбојници” (но не сите го знаеме тоа), и сум го сфатила тоа како нивна длабока сочувствителна љубов кон покајаните грешници кои во моментот пред нив го признавале својот грев. Сега знам дека зборувале и за себе, гледајќи ги последиците од дејствителноста на својот ум, од проста причина што и подвижникот, според својата мера настојувајќи да станува што посличен на Христос, е човек кој трча кон совршенството, се’ појасно гледајќи како целта му се поместува и поместува, зашто восовршувањето негово на земјата е процес бесконечен, а умножувањето на неговата духовна сила ги умножува и ефектите од неговиот личен подвиг во светот, чии страдања дури и растат до еден историски миг кога народите ќе речат “Мир и безопасност! (до Второто Христово доаѓање, значи). Кога ќе кажете дека “секој знае дека Владиката Петар лаже” – не знам на што мислите. Јас не знам, не верувам. Кој е тој секој? Или ние имаме различни претстави за лагата. Сум го видела брзоплето и возбудено да се изрази за нешто, понекогаш се справувал со проблемите на начин на кој јас не би постапила, но кога на тој начин велиме дека некој лаже, имаме предвид измамливост, еден вид злонамерност. Должни сме заради две убиства извршени под крајно чудни околности да не Го распнуваме Христос, бидејќи ова е класична ситуација. Епископите што ги обвинуваат за дружење со г-динот Љупчо Палевски – кој може да сака да ги линчува јавно за стоење на “погрешна страна”? Кому му оди тоа во прилог? На оној кој сака да ја разнебити Црквата Божја, да ја разниша довербата во дел од Нејзините Епископи, веројатно да внесе и раздор меѓу нив, да ги втера православните христијани во очај. Само ѓаволот може да оди дотаму да ги поврзува овие Епископи со две нерасветлени убиства. “Кој не собира со Мене – растура!” (Матеј 12, 30). А Христос го избра и Јуда Искариот за еден од Дванаесеттемина Свои најблиски Апостоли. Му ги даде најголемите апостолски дарови. Стоеше на погрешна страна? На страна на предавник, крадец и самоубиец? Јадеше и пиеше со грешници и блудници? Така Него Го обвинуваа. Каков начин на расудување е тогаш овој за блискоста на навредуваните Епископи со наводниот убиец на двете жртви погребани крај селото Бразда! И какво совпаѓање со тоа дека во близина пред 31 година на истото место е погребано мало, исчезнато, силувано девојче, Билјана Србиновска, чиј убиец никогаш не е пронајден?! Не мислете дека само лагата и Пилат не мируваат. Не мирува ни Вистината!

  9. Татко му на Петар, роднина на четникот Бабунски, сакал да биде закопан со српски опинци. Петар ова го изјавил одамна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img