Светиот синод на МПЦ-ОА одлучил да го поздрави гестот на Владиката Австралиско-новозеландски г. Петар да ги прекине 24 годишните судски спорови кои се водеа во Австралија против членовите на црковните општини. На последната синодска седница тоа го предложил Владиката Петар, а останатите владици го прифатиле.
Владиката Тимотеј соопшти дека Светиот синод по оваа одлука очекува поголем мир и спокојство помеѓу православните Македонци во Австралија.

