Почетна Интервју Владиката Петар: Само Вселенската патријаршија може да биде „Мајка Црква“ за автокефалноста на МПЦ-ОА
Владиката Петар: Само Вселенската патријаршија може да биде „Мајка Црква“ за автокефалноста на МПЦ-ОА

Владиката Петар: Само Вселенската патријаршија може да биде „Мајка Црква“ за автокефалноста на МПЦ-ОА

622
3

Вселенската патријаршија е единствената црква која може да биде „Мајка Црква“ за автокефалноста на МПЦ-ОА. Токму Цариградската патријаршија е единствената црква, која во историјата давала автокефалност на другите црква, затоа и патот за признавањето на МПЦ-ОА, е токму Вселенската Патријаршија. Ова во гостување на Алфа Телевизија, го изјави Преспанско-пелагонискиот митрополит г. Петар. Вели дека засега има само прелиминарни разговори со Всленската патријаршија, но не и официјални разговори.

-Мајка црква не може да биде друга освен Цариградската патријаршија. Цариград е црквата која дава актокефалност. Сите признавања на автокефалност доаѓале од Цариград. И од таа гледна точка ние треба да признаеме дека признавањето треба да дојде од Вселенската цариградската патријаршија. Но, ние се уште немам официјални разговори. До сега имаме само прелиминарни разговори, вели Владиката Петар.

Тој во емисијата потеницира дека МПЦ-ОА има добра комуникација со Бргарската православна црква, објаснувајќи дека во јавноста во Македонија погрешно била интерпретирана инцијативата со која се бараше признавање на автокефалноста од БПЦ, со тоа што било претставено дека МПЦ-ОА, бара своја „Мајка“.

-Ние имаме добри комуникации со БПЦ. Нашиот став на Сиднодот беше ако БПЦ ги исполни условите, тогаш ние можеме да признаеме дека се грижи како „Мајка Црква“. Тие услови беа да не признае за автокефална и да сослужува со нас, како во Враца, и да не претатсви пред православните цркви, изјави Владиката Петар.

Преспанско-пелагонсикот митрополит, во ова гостување откива многи интерсни детали од односите со БПЦ, како и за преговорите со СПЦ. Влдиката Петар, посочувајќи на го моментот на добрите односи со БПЦ, откри дека во 1999 година тој и поранешниот владика на БПЦ, Митрополитот на Враца, Калиник имале заеднчко сослужување.

-Ние имаме добри пријатели во Бугарската Православна Црква меѓу Архиереите. Бевме удостоени од блажено упокоениот врачански митрополит Калиник, за прв пат да служиме архиерејска литугија во Враца. Таму за прв пат се случи, кога нивниот ѓакон на првата ектенија, кога извика на цел глас, да се помолиме за македонскиот православен народ. Знаете какви аплаузи удрија верниците. Јас потоа на нашиот ѓакон му реков, сега ти кажи да се помолиме за бугарскиот православен народ и тој кажа. И тоа беше навистина доживување. Тоа е во 1999 година, на покана на тогашниот митрополиот дедо Калиник, изјави Владиката Петар.

Потенцира дека и покрај тоа што МПЦ-ОА, ги нема нарушено односите со СПЦ, сепак потенцира дека во СПЦ нема расположение да се реши проглемот. Владиката Петра, откри и дека во овие преговори имало и средби со Вселенската патаријрашија.

– Кај Србите имаше длабоко убедување дека овој народ над 70 проценти е српски, но се покажа дека не е така. Дури и Србите во Македонина над 90 проценти се со МПЦ, а не со ПОА, која беше пропаднат обид на СПЦ за пара црква. Во 1992 година имавме средба прво билатерална со нашата делегација Јас, Митрополитот Тимотеј и професорот Таковски со патријархит, па  потоа Патријархит имаше билатерална со Иринеј Буловиќ и Патријархот Павле, а после трилатерална средба, вели Владиката Петар, откривајќи досега непознати за јавноста детали од овие разговори.

Погледнете го гостувањето на владиката Петар на ТВ. Алфа. Интересните детали се после 30-та минута од разговорот.

Коментар(3)

  1. E smejurija li od ovoj od ovoj covek koj se pretstavuva kako nekoj si vladiika, pojma nema od ona sto zboruva, tuku samo lupa kako Maksim po divizija. Odi kako gluv po magla. Do skoro velase deka Ruskiot patrijarh ce mu posreduva kaj Srpskiot i se bide vo red, pa koga vide deka od toa nisto nema, se molese na bugaska crkva da bide majka-kanibal, pa sega laze deka Vselenskata patrijarsija e za toa kompetentna. Pa ako e taka sto majka barase kaj bugarskata crkva?. Ednostavno ovoj Petar samo laze. Majka crkva na MPC e samo SPC, taa go ima za MPC Vraniskovski i toa prasanje e reseno.

  2. Cudna rabota da vladikava Petar ne znae deka vselenskiot patrijarh medju pravoslavnite erarsi e prv po cast, a ne po vlast. Toj ima cast samo da ja so tomos potvrdi avtokefalnosta na edna crkva, so koja ce se slozi majka crkva i ce ja predlozi na vselenskiot patrijarh samo da ja potvrdi, a ne toj da ja dava avtokefalnosta na nekoja crkva za sto nema pravo. Toj ne e Rimski papa, taka da vladikata Peter neka ne glumi gladna kokoska koja sonuva proso, ili gladna lisica koja trci po oven koga videla deka nesto mu se manda medju zadnite noze.

  3. Samo NATO ako mu naredi na vselenskiot patrijarh, kako za Ukrainskata crkva kako i na Milo Djukanovic sto mu naredi da ja isteta SPC od Crna Gora taka i MPC mozd da dobie avtokefalnost. NATO, samo drzite go NATO.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *