Почетна Вести Христијанство Владиката Петар сам на себе си ја продаде неговата телевизија
Владиката Петар сам на себе си ја продаде неговата телевизија

Владиката Петар сам на себе си ја продаде неговата телевизија

1.05K
1

Владиката Петар сам на себе си ја продал Телевизијата Вистел. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денеска на седница ја одобрила промената на сопственичката структура, па така сега владиката Петар е сопственик на ТВ. Вистел, наместо неговата фирма „Преобразба“ со која ја доби дозволата за регионална скопска телевизија минатата година.

Фирмата „Преобразба“, практично е негова фирма во која тој е и основач и управител. „Преобразбра“ ја продала телевизијата на владиката Петар со истиот основачки влог од 5000 евра, со што ТВ. Вистел од денеска е сопственост на Петар Каревски, како физичко лице.

Агенцијата ја одобрила промената на сопственичката структура, бидејќи нема законски пречки за такво нешто. Но, она што е интересно е што „физичкото лице Петар Каревски“ на документите доставени во Агенцијата се потпишал како „Митрополит Петар“. Надлежнитен сметаат дека и тоа не спорно и не е ограничено законски.

Кои се причините и мотивите за оваа промена на сопственичката структура засега нема информации.

Во февруари оваа година, беше објавено дека нова телевизија ќе зрачи во етерот на скопскиот регион, откако тогаш Агенцијта за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му одобри на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал, што ќе се емитува преку кабелските оператори во Скопје и околината – регион кој е и по број на жители најголем, но и економски најмоќен во државата.

Телевизијта доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.

ТВ Вистел стартуваше со работа во мај, а една од првите емисии беше и еден документарен филм со Македонеци кои патуваат во Русија да бараат жени. Во моментов главна „звезда“ на телевизијата е Слободан Томиќ со неговата „Гласот на народот“.

Коментар(1)

  1. Не е само Томиќ тв ѕвезда кај дедо Петре. Тука се Вангел Божиновски (Јода) авторот на култната Македонска молитва и антички Македонец во слободно време и посекако поранешниот кандидат за центарски градоначалник потписник на писмото за безрезервна поддршка до неговото височество Владимир Владимирович Путкин.
    Каревски е селекторот, а овие тројцата “Звезде гранда”.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *