Почетна Вести Владиката Петар распали од Австралија: Игуменот Гаврил утре ќе биде расчинет?

Владиката Петар распали од Австралија: Игуменот Гаврил утре ќе биде расчинет?

10.25K
45

Епархискиот црковен суд на Австралиско-новозеландската епархија утре на 24 Август ќе му суди на Игуменот Гаврил. Ова го најавил Митрополитот г. Петар, администратор на Австралиско-новозеландската еапархија кој во беседата на осветувањето на темелите на новата црква во Сиднеј-Австралија, жестоко ги нападнал неговите критичари, потенцирајќи дека тие неправедно го осудуваат иако тој постојано работел во интерес на Црквата.

kkkk-Дали некој е чесен и праведен и мирољубив ќе го препознаете по неговите дела. Тој човек можеби и се претставува дека е чесен и мирољубив, ама работи против законите Божји и манипулира и со верата и со црквата. Кога има лажни попови и распопи, тука нема црква. Овде имате свештени лица на кои им забранува црквата да служат како на Гаврил Игуменот на кој треба на 24 да му судиме за криминални дејствија за нечесни работи, тој сега во Света Петка им проповеда на луѓето и шири вера. Па може ли оној што работи против верата и против црквата, да се прави поголем и од владиците, изјавил г. Петар.

Во продолжение слушнете ја целата беседа на Владиката Петар.

/РЕЛИГИЈА.МК

 

Коментар(45)

  1. Него го гони полиција, а друг е криминалец. Баш ме интересира крајот.

  2. A arhiepiskopot Stefan si molci kako sekogas. Ili se plasi Petar da ne progovori za nego ili nisto ne go interesira, no najverojatno i zaradi dvete raboti si molci.
    Zalna MPC na koe deredze padna, mekotelci da ja vodat, na koi samo licniot interes im e uslov za akcija.

  3. Мнoгу беседи не сум слушaлa и читaлa. Амa вoлку oбвинувaњa, кo зa вo беседa… Сaмo кoлку пaти збoрoт суд, судење и директнo oсудувaње. Христијaните чинaм у прaвдaтa и судoт Бoжји сaмo се крстеa.

  4. Ova e sramota, pak so lagi, kako moze da go sudat otec Gavril koga koga otec Gavril Ne e ni pod vladikata Petar. Oti Gi lazesh lugeto vladiko Petar? koga ke te sudat tebe vladiko Petar? Oti javno Ne kaza tvojot den Za sudenje? Otec Gavril e najdobroto neshto Shto gospod go donese Tuka vo Avstralija, Otec Gavril Ne sudi. Lugeto sakat I se trudime da sme edna crkva, Shto e tvoj plan vladiko Perar? Oti vo January koga isfrli Eden hristianes od sluzba nadvor, Ja prekina liturgijata, vikashe Po nego Juda ova delo koga ke te sudat vladiko Perer? Dali pobara proshka od toj chovek?? Ja znam deka Ne. A Otec Gavril bez I da barate proshka od nego od seto vashe klevetenje, vi ima prosteno I duli I Javno. Gospodin Stefan mora da go reshite ova stram Shto javno go pravi nashiot vladika Petar vo Australia. Gospod ti se Molam Za mir I Za lubov

  5. Kako moze sinodot ova da go dopusti? Do kade stigna MPC? Pa zasto da se sudi i rascunuva Otec Gavril? Zatoa sto ni go pokaza praviot pat kon Boga? Zatoa sto drzese veronauka za da naucime sto e hristijanstvoto? Zatoa sto sobra eden kup lugje vo crkva? Trgnete go Petar od funkcija zalosno e toa sto im go pravi i na vernicite i na svestenicite. Vreme e da prevzemete merki protiv eden lazlivec koj sto se narekuva vladika (administrator na ANZ eparhija -Petar/Jovan Karevski).

  6. Ооооооооооооо чекај чекај….
    ќе му се суди… а кој… од д.Петар?
    На која основа? Отец Гаврил никогаш не бил прифатен во неговото стадо и сега е прифатен за да си игра судница. Во Австралија има термин за ова и се вика Kangaroo court.

    Веке ова се претвори во една сатарична комедија. Поинтересна е од многу серијали шпански, турски какви и да се. Ова е Македонска серија.
    Зарем е можно да доагаме до финалето!!! Што ќе правиме со слободното време ?. (Хорор во мислите)!!!

    А сега и неколки коментари за беседата. Незнам како лугето издржале да го слушаат и како останеле мирни да не кажат нешто… ах ми текнува…сигурно излетале со мислите  бидејки и вака ќе заспиев на двапати.

    Некој треба да го посоветува да се држи до темата и исто дека од еден извор неможе да извира “горчлива” и “блага” вода. Треба да си одлучи што е.
    А темата е целосно промашена и се надевам Пресвета Богородица да се моли за него оти осветувањето на темелите го оскверна со својот јазик и мисли (Плус мојата професорка по литература ќе му ставеше единица).

    А сега (дали поради старост или истоштено тело од толку патувања) д.Петар заборавил неколку работи.

    1. Кој го расчинил него?
    Па дедо, Владиката Гаврил те расчини. И после по некои политички патишта пак се врати во МПЦ(Бог да ја помилува).

    2. Живу камења на црквата.
    Па д.Петар зошто ги гониш живите камења. Зарем не го зборуваше истото и на нас и сега сме неверници?
    Пазете се моментални живи камења, и вашето време иде!!! Ох чекај, па и Исус беше отфрлен камен…. а сите знаеме како заврши тоа 🙂 така да д.Петар благодарам за отфрлањето.

    3. Св Јован
    Па неколку пати го ислушав тоа делче и саде мислам да не го опишува отец Гаврил наместо себе си (како што имам импресии)?

    4. Света Војна
    Е дедо Петар мислам дека ја згреши државата каде што треба да правиш такви изјави.
    Ниеден светител не повикувал на војна!!!
    Или ако не си се смешал малку низ историјата и се угледуваш на “крстоносните војни”? А сите знаеме дека тие не беа за Бога туку за профит… ох заборавив… профитот е многу важен во случајов.
    Но воедно зарем не го информирале неговите советници дека грешниците треба да одат во црква бидејки Господ дојде да ги спаси НИВ, а не “праведниците”(фарисеите).

    А исто така зарем не го посоветува неговиот адвокат (што верувам се многу добри пријатели) дека таков говор за света војна треба да се пријави во надлежните установи, бидејки живееме  во време на терор.
     
    Зарем треба да ги напагаме тие што не се Христијани? (А замисли живееме во држава каде што има многу нации)….
    Зарем ова не звучи на “џихад”?

    Д. Петар очигледно не се прошетал низ народот за да знае дека има луге со психички растројства и дека неговите зборови можат да ги сфатат здраво за готово. Сите сме сведоци за терористичките напади и сите почнуваат со таков говор.

    Малку повеќе внимание со наредната беседа ве молам.

  7. Slusam I citam I nemozam da si poveruvam Dali e mozno da postojat vakvi luge neluge svestenicite treba da se primer za narodot a ne klevetnici ova e golem sram za site has vladikata Petar names to toj da Ne poucuva sovetuva I da ja propoveda pravoslavnata Vera pravilno so ljubov toj siri omraza I kleveti preku nasite kometari go molime na pokajuvanje I da prestane so kleveti I so lazni propagandi za da moze da zazivee slogata I doverbata na narodot vo crkvata Da zazivee povtorno makedonskata zaednica tuka Vo Avstralija GG Stefan vreme e I vie da ne posetite tuka da ja vidite vistinata na iznevereniot I izmanipuliran narod od strana na vladikata Petar I negovite sledbenici

  8. Што да се каже. Најдобар коментар е снимката од неговата беседа. Со што ли го заслужиа оваа искушение Православните Македонци во Австралиа?

  9. Koj mislis deka ti veruva vladika Petar? Pa kako vladika sam bi trebalo da znaes deka ne mozes da go rascinis Otec Gavril. Nikogas Otec Gavril ne bip primen vo tvojata eparhija. Gospod go cuvase. A moze e vreme za tvoeto razvladicuvanje…

    Neli eden vladika ne smee da se mesa vo druga eparhija, po kanonite na crkvata, a kako ti se mesas vo eparhijata na Dedo Timotej? Ili sakas slucajot so viktoriskata policija da zasenis…

    Ke da e podobro vladikata Petar da se zamisli za nego, za lagite, za manipulaciite za koi policijata go goni. Krajno vreme e vladikata Petar da odgovara pred Sinodot za seta steta sto ja napravi na Makedonskiot narod i na MPC. Vladikata Petar treba da odgovara pred crkovniot sud na MPC za seto zlo, sram, kavgi, raspravii, lagi, manipulacii napraveni na lugeto vo Avstralija a se so cel za svoj licen interes. Se za pusti pari!

  10. interesno to e od kaj 11tata minuta
    ..da bideme miroljubivi zashto Hristos e mirot i vistina…. sovesta ne mu dava da kazhe miroljubivi !!
    samo istrae 13 minuti pred da pochne da go napajga Otec Gavril!! ne mozheshe da izdrzhi.. vrteshe vrteshe i pravo vbandera!! dikriminacija na lichnost, kako prvo, e protiv chovechki pravila vo Australia… a da ne zboruvavme za prekrshuvajne Na crkovnite zakoni..
    Na Bogorodichen post najde ova da go pravi? ne se plashi shto Bogorodichka majka mu e I Na Orec Gavril, zarem misli nema da si go zashtiti nejzinoto dete!!! chovek samo da plachi od situacijava!!

  11. Bravo vladiko. Kakva propoved kaza vo Sidnej. Kakva duhovna hrana mu dade na golemoto tvoe stado.ke gi otruesh i tie nekolku ako ti ostanaa. Ubavo im kaza za zivata crkva ama ne im kaza deka e na odredeno vreme. Deka e so rok na upotreba i deka koga ke reshish deka ne ti treba poveke ja pravish mrtva.kazi imdeka vo Melburn sekoj kamen od vnatreshnata strana e ispishan so iminja na donatori od zivata crkva i posle koga ke se napravi si stanuva sade tvoja.Si go potroshi celiot narod so istata igra. Pola Avstralija ja ekskomunicira , samo Bog znae kolku imash sveshtenstvo i monashtvo zrtvuvano za da si gi zasitish strastite. Ete ushte eden lakom zalak i igumenot Gavril da go ocrnish i unishtish, ama nekako Gospod ne ti dava da pominesh nekazneto. Bidejki ne go krevash pogledot gore da vidish deka toj te gleda, ti pushta pravda dolu preku organite na vlasta. So kakov sud sudish so takov ke ti sudi. A znaesh ti kako sudish!

  12. Многу хаотична и контрадикторна “беседа” , која ја отсликува моменталната состојба во Австралија. Секој што живее таму па и пошироко, од делата( не од зборовите) ќе може да заклучи кој е вистинскиот духовник и пастир во Австралија. И да не беше толку јадно, ќе беше смешно, зошто и не сакајќи д. Петар го опиша животот на
    о. Гаврил, зборувајќи за св. Јован Златоуст:)))))

  13. Ајде малку од психолошки аспект: интересно е темпото на беседата. Почнува рамномерно, поспоро, за кога ќе дојде до моментот да се спомне игуменот Гаврил (мислам беше околу 13-тата минута), да се забрза и да не знае на кај тера. Дури потсвесно ти доаѓа да му речеш на говорникот: полека, диши, кочи малку. Значи има една нагорна линија, која почнува од индиферентност за да стигне до фрустрација… а љубовта не може да биде исфрустрирана, нели?

  14. Зошто толку коментари и завземање страна?
    Дали некој од нас видел некаков ДОКАЗ или КОНТРАДОКАЗ за вината или невината на предметниот свештеник? Ако не е виновен ке се докаже а исто ако е виновен ке се докаже и тоа?
    Да не дозволиме да не понесат емоциите па да осудуваме пред да се произнесат оние кои имаат увид на документација која докажува вина или невина.
    *И зошто толку се крена галама дека владиката Петар бил повикан во полиција?
    Како е напишано: на царот – царевото, на Бога- божјото.
    Секој граѓанин без оглед на чин доколку е повикан во полиција или бил кој државан институционален орган, е должен да одговори на тој повик. Секој човек може да биде повикан, но значи ли тоа дека е виновен? Полицијата не донесува одлуки за тоа дали некој е виновен или не? Ако ваш сосед биде повикан во полиција, веднаш ли ќе го осудите дека сторил престап? Само за сторен престап ли се повикува во полиција?
    Не судите за да не ви биде судено! Со каква мерка мерите- со таква ќе ви се мери!
    *
    Марјан, кој исклучително го ценам како новинар од прва постава што се вели, изневери со својата пребрза анализа за причините за кои владиката Петар бил повикан во полиција коај се засноваше само на претопоставки и на употребена на термин “’упатените”. Незнам дали навистина имаше контакти со “’упатените” или по од навика го употреби тој термин, но написот беше ФИЈАСКО за новинар од твој калибар.
    Акп навистина сакаше да напишеш нешто со извор од “’упатените”, требаше да се качиш на авион и на лице место во Австралија да истражиш. Знам ти би го направил тоа, ама пусит пари, скапо е да се лета за ‘’Аустралија”, а и настанот па и не е толку значаен да се фрлат толку пари, кога и онака за неколку месеци се ќе излезе на површина.
    А што ако претпоставиме , како што и ти претопставуваше, дека постојат пак и други “’упатени” со дијаметрално различни информации кои датираат уште од април месец , кои знаеле дека ќе се случи ова што се случува сега? Дека за оваа тема се запознаени многу “упатени” од други цркви уште пред ние да знаеме?А што ако претпоставиме дека ова сега е резултат на подолго истражување и следење на докази.
    Пазете се од лажни учители, пазете се… така вели апостолот, и од волци во јагнешка кожа. Ја ова од искуство, не друго… Чисто ако некој знае како да прочита, да не си фрла непотребно гревови на душата што однапред зазема страна иако седи во публика а не е на арената на која се бие битка меѓу јагнето и змејот. Пазете да не заличиме на толпата која викала: распни го, распни го.
    … а ќе победи јагнето, се разбира, порано или подоцна. Јас верувам , а вие?
    п.с.
    Марјан да не ми забележи, сметам дека како новинар и јавна личност поседува висок степен на толаранција, дека е отоврен за нови информации, дека има способност да поднесе и критика.

  15. На неколку места има грешки во употребата на интерпукциски знаци . поставен е прашалник наместо точка или извичник. Бидејки не можам повеке да направма корекции ги молам модераторот да го направи тоа на следниве места
    Ако не е виновен ке се докаже а исто ако е виновен ке се докаже и тоа? (треба да стои точка)
    Полицијата не донесува одлуки за тоа дали некој е виновен или не? (овде извичник)

    однапред благодарам

  16. Прелагани браќа и сестри,
    треба да си знаете дека свети Јован Златоуст е епископ, па не може со епископ да се споредува некојси игумен, кој е под забрана за свештенодејание. Согласно со Уставот на МПЦ-ОА, еден епископ можат да расчинат само сите останати епископи. Ни поглаварот, ни народот, не можат да расчинат епископ. Нека не ве лажат. Потоа Црква без епископ нема и кога ќе умре некој епископ, веднаш друг епископ се поставува за администратор на епархијата вдовица. Не може аргосан игумен да го претставувате како епископ или со права на епископ.
    Аргосаниот игумен Гаврил, добил канонски прием во истиот момент, кога митрополитот Наум го потсетил високопреосвештениот митрополит Петар. Ако, а.иг. Гаврил немал канонски прием, тогаш поради упад во епархијата, дедото Петар има право да ги даде на црковен суд и Гаврила и оној кој го пратил Гаврила – Наум. Па и Наум да го расчинат како што го расчинија Артемије во Србија. Така да не се возбудувајте толку многу кога станува збор за канонските приеми и отпусти.
    Митрополитот Петар иако е најстар во САС на МПЦ-ОА е свирало на Духот Свети, зашто Светиот Дух беседи преку него, а не како некои други епископи, други да им ги пишуваат беседите или пак да ги симнуваат од интернет.
    Г-ѓице Атева, колку ми е жал за Вас. Вие бевте една прекрасна личност, раководена од најголемото македонско светилиште манастирот Бигорски, ама откако паднавте под влијание на несреќниот игумен Гаврил, паднавте како што Адам падна по наговор на Ева. Навистина ми е жал за Вас! Ќе Го молам Бога, а и Неговото Високопреосвештенство да Ви простат!
    Знам дека нема да ме послушате, исто како што и Сатаната не го послуша архангел Михаил, кога запеам: „Да застанеме добро! Да стоиме со страв! Да внимаваме!“ Како што ангелите паднаа од Бога, така и вие браќа и сестри паѓате од вашиот епископ-владиката, кој е икона Христова и седи на тронот Христов во својата епархија. Падот ви е ист. Внимавајте и “наградата“ да не ви биде иста.

    1. Само коментарите против владиката Петар ги објавувате?
      Како не Ви е срам да се засрамите!

    2. Преспанец, дали Вие сте богослов што толку убаво умеете да не’ просветлите нас, прелаганите? Уште на крај АМИН да стоеше, и ете цела беседа. Само, мора да се претставите кој сте, инаку ќе се смета како кукавичлук и страв да се соочите со соговорниците лично. Почнувате во вашата беседа дека отец Гаврил не треба да се споредува со Св. Јован Златоуст, а завршувате со споредување на владиката Петар со Бога. Која ли само Ваша „логика“!!!

      1. Г-ѓице Атева си знаете Вие дека тоа што Вашиот архијереј-владиката ќе сврзе на земјата ќе биде сврзано и на Небесата. Јас нигде не го споредувам владиката Петар со Бога, ама според Божјите закони ако владиката Ве исклучи од Црквата, да не даде Бог, тогаш никој не може да Ве врати. Размислете еднаш кого го сакате повеќе, за жал расчинетиот игумен Гаврил или Вашето спасение?

        1. Г-динен Преспанец, за владиката Петар некого да има право да расчинува, прво тој свештенослужител мора канонски да биде дел од неговата епархија. Е сега, затоа што владиката Петар неканонски расчинува свештенослужител под надлежност на друг митрополит и кој служи во друга епархија, Вие самиот решете си кому служите: на Бога Којшто преку Светите Отци ги дал каноните според кои се раководи Црквата или на владиката Ви Петар?!

          п.с. сеуште непотпишан со име и презиме? Кукавичлук или?

          1. Моето име е Александар Ристевски, по потекло од Преспа, сега живеам во Скопје. Додека имав фб профил бевме и пријатели со Вас г-ѓице Атева.
            Во емисијата „Гласот на народот“, митрополитот г. Петар си кажа дека на риг. Гаврил му дал прием и условен и конечен, на седницата синодска кога главна точка била Австралиската епархија и риг. Гаврил. Нека Ви кажат Наум и Пимен, нека не ве манипулираат само…

  17. Besedeta na Vladikata Petar vo Sidni beshe katastrofa!!!
    Koga zboruvashe za o.Gavril celiot se treseshe, rakata ne mu zastana da e mafta gore, dole. A ne samo shto mu se slushashe vo glasot negoviot gnev, omraza za svojot brat tuku i mu se gledashe vo facata, laden, nitu eden gram nema ljubov!
    Narodot si se zagledaa eden so drug i si gi verteja glavite, ova ne e tochno shto kazhuva!
    Nikoj ne te veruva povejke Vladiko!!!

  18. Ke frlate kamenja po Otec Gavril ama toj vo sekoj moment samo dokazvit deka e vistinski pastir so smirenie, poslusanie i ljubov. Dali tolku e golema ljubomorata? Dali tolku vi precit deka nasiot Pravosloven narod vo Avstralija ke se soidini? 20 godini vladikata petar ne deli, ama mu dojde kraj!

  19. Aplaudiram na vladikata Petar za besedata, polna otrov namesto ljubov!!!
    Aplaudiram na sínodot na MPC sto vo momentot ja ima ulogata na posmatrac dodeka m.Petar shiri omraza, pravi podelba i razdor megju vernicite vo Avstralija!!!

  20. За да му се суди на еден владика треба да де соберат 12 Епископи за да се донесе одлука и евентуална пресуда,над него нема никој надлежност ниту власт да го раководи или да го расчинува па ниту Архиепископот.во ваков случај со спорот во Австралија треба да се вклучи синодот кој добро ќе го истражи случајот нешто како црковен суд и ќе донесе одлука која е полезна за сите.
    Ако Игуменот Гаврил нема пропратно писмо за трансвер во друга Епархија тогаш сеуште е под надлежност на г Петар.и има право да биде расчинет секако ако има докази за тоа или двајца сведоци.

    1. А како игумен Гаврил е сеуште под надлежност на г. Петар, кога тој никогаш не ни бил официјално примен во епархијата на владиката Петар? Зарем ги заборавате настаните што почнаа јавно да се објавуваат од минатата година: отец Гаврил има добиено УСЛОВЕН Канонски Отпуст од митрополит Наум во 2006, доаѓа во Австралиско-Новозеландската Епархија на владиката Петар, но не добива Канонски Прием цели 10 години, по што владиката Наум лани си го повлече отпустот и отец Гаврил во својата епархија. Е сега, како може владиката Петар да суди некому за кој НЕ БИЛ и НЕ Е дел од неговата епархија? Очевидно харaкири.

      1. Нека Ве информира владиката Наум, дека за време на синодската седница, монахот Гаврил добил канонски прием и условен и конечен. Ако немал прием, како можел да служи во МПЦЕАНЗ?

        1. На која синодска седница и кога? Можете ли да го покажете документот за конечен отпуст од Струмичка Епархија и конечен прием од МПЦЕАНЗ Епархија? А како можел да служи, просто и едноставно, како што секој еден свештеник може да служи во друга епархија, доколку владиката дозволи. Во овој случај, владиката Петар му имаше дозволено и самиот тој го имаше повикано да служи во МПЦЕАНЗ, ама тоа не значи дека по автоматизам игуменот Гаврил е примен во МПЦЕАНЗ. За се’ си има регулативи и процедури.

        2. Г-дине Александар (Преспанец), мило ми е што конечно се запознаваме 🙂
          Во врска со канонскиот отпуст / прием, само да Ви наведам неколку факти:

          1. Условниот Канонски Отпуст од Струмичкиот митрополит Наум и Конечниот Канонски Прием од Преспанско-Пелагонискиот митрополит Петар ги имам лично видено и прочитано, за разлика од Вас, кој само имате чуено дека постојат од устата на митрополитот Петар.

          2. Митрополитот Наум му има дадено УСЛОВЕН Канонски Отпуст на отец Гаврил во 2006 https://www.facebook.com/SvProhorPchinski3/photos/pcb.472623872862895/472620282863254/?type=3&theater,

          кој го повлекува на 23.12.2015 год. https://www.facebook.com/SvProhorPchinski3/photos/pcb.472623872862895/472620242863258/?type=3&theater

          3. Митрополитот Петар му испраќа на отец Гаврил КОНЕЧЕН Канонски Прием со датум цела недела после повлекувањето на отпустот од митрополитот Наум

          Сега, имам две логички прашања до Вас, кои правно можат многу едноставно да се решат:

          1. Дали на УСЛОВЕН Канонски Отпуст може да му следува КОНЕЧЕН Канонски Прием и дали давателот на тој Условен Канонски Отпуст има право да го повлече истиот, со оглед на тоа што е УСЛОВЕН?

          2. Дали откако Условниот Канонски Отпуст е повлечен, се издаде Конечен Канонски Прием со задоцнување од цела недела, вториот има некаква правна сила?

          Се надевам дека ќе добијам логичен и искрен одговор.

  21. Ako ostavime na dedo petar cela avstralija i makedonija ke ja razcini i ekskomunicira i samo toj ke ostane na zemjava praveden

  22. Лајкачите на вртуалната црква на Наум и Пимен излегоа во наредба да го бранат гуру Гаврил. Сме дојдени до овој проблем, поради што Наум сака да биде поглавар на нашата мајка, Божја црква. За неговиот личен интересот, Наум го мести Гаврил да биде Владика за Австралија и Нов Зеланд; тоа е јасно како ден и ноќ. Гаврил има само 15 до 20 души околу него. Тие мислат дека да бидеш православен Христијанин е, да седиш дома и да си трескаш глупости по социјални порталии и Фејсбук. Владиката Петар е праведен, и ја вршува работата со чист обрас, благодат и голема подршка од македонскиот нардот во Австралија. На многаја лета, Ваше Блаженство ПЕТАР!!

  23. Ne mozam da poveruvam deka vie vospitani cheda pochnuvate da opravduvate kriminal od strana na vladika. Zatoa i pretskazuvanjata se deka satanata ke ni sedne na tronot od takvite nekolku kako vas . Razbirate vie deka nemate tronka prichina da se somnevate vo duhovnosta na O. Gavril oti narodot poradi negovata blagodat zastana da go brani. A vie barate sloboda za Varava. Vie nikogash nema da gi razberete seriozno bozjite zapovedi oti za vas tie postojat za da gi krshite. Koga obichen svetoven sud zabranuva kradenje izmama, lazno svedochenje a vie toa na vashiot vladika mu go dozvoluvate i opravduvate , znachi ste ili kako nego ili poloshi. Kolku pati pobara proshka i sozivot otecot Gabril a vie krvnici samo za raspnuvanje mislite. Ti prijatele da si mu ja dadesh tvojata familija na tvojot svet vladika da ti ja spasuva a jas i site nie ne go gledame spasot so nego . Nie znaeme sto branime i ne se otkazuvame. Znam deka boli toa shto ke se sluchuva poradi vistinata, arno ama barem ovde vo avstralija izleguva na videlo i samo sveshtenicite na petar seushte nesmeat da ja kazat a i ti nesmeesh da ja priznaesh oti i tebe ke te podbere dedoti.

  24. Vistinata boli i znaeme deka dedo Petar i site okolu nego (Ljupco Karevski, Tone Gulev itn) se mnogu uplaseni zatoa sto se izleguva na videlina. Djabe komentari, djabe kleveti site nie cvrsto stoime pozadi vistinata pozadi Otec Gavril. Policijata go privede d Petar i ne e toa za djabe. Taka da namesto da filozofirate i referati da pisuvate molete se za d Petar da mu omekne toa negovo kameno srce.

  25. Еден прекрасен коментар од мој мил брат. Епа, од ова поситно – во кратки црти – здробено, здравје:

    Кога Христос го удираат по образот пред Синедрионот, Тој се врти кон удирачот и му вели (парафразирам): Ако сум сторил нешто лошо, докажи го тоа, а ако не, зошто ме удираш?! Истото ова се однесува и на неправдите. Дека ние треба да ја бараме Божјата правда, наместо човечката, но тоа само ако нас лично не’ навредуваат, клеветат и повредуваат, но за ближниот треба да бидеме спремни и да умреме за да му помогнеме.

    (А молчење пред неправда нанесена врз ближниот) мене ми личи на 4-тата фаза на будистичкото просветелување – кога толку ќе се издигнеш над телесното, што нема да чувствуваш никаква потреба ни желба да сочувствуваш со ближните, тотална духовна рамнодушност кон другите, кои само може да те заразат со нивните страдања, а нели он – монахот – веќе не го тангира тоа – чека нирвана!!

  26. Zabeleska moja e deka Naslovot na ova video voopsto ne odgovara na ona sto zboruva vladikata Petar. Golema e razlikata od “BESEDA” I “KLEVETA”. Kuceto koe drzi koska vo ustata nikogas ne ke ja otstapi miroljubivo. Samiot mitropolit javno povikuva na vojna pred 20-30 naivni makedonski luge. Pogrdni izreceni zborovi nikogas ne bile izusteni od svesteno lice(vladika). Prasanje e sega :Ke ne ima ? ili ke ne nema? kako nacija na ovie prostori. Se nadevam deka Avstraliskata Policija go cita ovoj moj komentar, dodeka nasite sveti vladici letuvaat bezgrizno.

  27. Срамота! Безобразлук! Ја срамотат МПЦ а и ја крадат. Едно зборат, друго мислат а трето прават (крадат). Наместо да се организираат да помогнат на поплавените во Скопје ТИЕ (поповите и владиците) организираат пункт за собирање на помош од граѓаните. А возат џипови и ашикуваат. Олоши!

  28. Site shto pishuvate ste ligushi na gavril. Jas veke 10 godini probam da sum monak, i ushte sum iskushenik – so gavril bev sekoj den, i go znam mnogu dobro. Namesto da sedi vo eden manastir i da se moli, nash gavrile po fejsbuk stavuva sliki kaj se sheta, i so zenski se pozira. Eeee Gospodi, jaka ti dusha shto trpish vakvi dushu vo nashata Makedonska Crkva. Jas sum so bratot Ananie, go branevme gavril do sega, ali vistina iskoči deka Dedoto Petar celo vreme beshe vo pravo. Gavril znae kaj ke mu leti dushata. On ne e izchisten od strasti te, nash gavril e gladen za pari i slava. Mu borchish na Vladikata i narodot preku $370,000 Gavrile. Go predade Dedoto Petar kako shto Juda go predade Gospod. Ne bidi kako Jovan Varnishkovski

  29. Ima edna moznost sto se praktikuvala vo staro vreme ako vladikataa ne e doston, narodot da go izbrichi na ploshtad pred site.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *