Почетна Вести Христијанство Владиката Петар повика на зголемување на наталитетот

Владиката Петар повика на зголемување на наталитетот

127
0

Попусто ѕидаме кули и градови, подигнуваме згради, училишта и градинки, ако природниот наталитет на населението е недоволен да го зголеми прирастот на еден народ, вели во своето Божиќно послание, Владиката Петар. Тој вели дека според денешната состојба на нашиот наталитет, сите тие градби за брзо време ќе зјаат празни и напуштени.

-Црквата наша, заедно со државата и институциите во неа, должна е да најде начин за зголемување на наталитетот меѓу Македонците, зашто токму кај Македонците е најзагрозен наталитетот т.е. раѓањето деца. Решавањето на овој акутен проблем во Македонија, не смее да трпи одлагање, зашто денешната негрижа околу наталитетот и воспитувањето на нашите деца, утре уште повеќе ќе ни се одмазди, рече Г.Петар, Митрополит Преспанско-Пелагониски.

Владиката Петар истакна дека пропаѓањето и исчезнувањето на еден народ, започнува со пропаѓањето и уништувањето на семејството, кое е основна ќелија на заедницата.

-Ние, пак, како свештенослужители, јавно од секој црковен амвон и при секоја прилика, треба да ги повикуваме македонските мајки да останат доследни на аманетот на нашите претци, светата должност, раѓање и воспитување на деца; а не на убивање преку абортуси и спречување на бременоста со контрацептивни средства. Тоа не смеат да го дозволат Македонците и Македонките, заради егоистични побуди и комфорен живот, да станат гробари на нашата Црква и нација, рече Владиката Петар.

Тој дополни дека и нашата држава, по примерот на други земји, треба да формира министерство за семејство, кое ќе се грижи за иднината на нацијата, државата и Црквата.

/СИТЕЛ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *