Почетна Вести Христијанство Владиката Петар очекува Порфириј да не ја попречува автокефалноста на МПЦ
Владиката Петар очекува Порфириј да не ја попречува автокефалноста на МПЦ

Владиката Петар очекува Порфириј да не ја попречува автокефалноста на МПЦ

225
3

Очекуваме конечно решавање на статусот на нашата Македонска православна црква, односно добивање автокефалност од Вселенската патријаршија, изјави за МИА митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар коментирајќи го изборот на досегашниот митрополит загрепско-љубљански Порфириј за нов патријарх на Српската православна црква-СПЦ.

Според митрополитот г. Петар, очекуван бил изборот на Порфириј за патријарх затоа што во епархијата од каде доаѓа како митрополит, односно загребско-љубљанската, покажал сеопшта прифатеност, пред се од клирот на римо-католичката црква и од другите вероисповеди кои постојат во Хрватска и Словенија.

– Според сознанијата што ги имавме за тоа како и на кој начин се вреднуваат архиереите во Српската православна црква, ние точно предвидувавме дека во тројцата кандидати за избор на патријарх на СПЦ ќе биде и Порфириј, митрополит загрепско-љубљански, а сега веќе избран патријарх на СПЦ. Според нас, тогашниот митрополит, а сега патријарх на СПЦ, Порфириј не е човек кој е многу настојчив да истерува некои работи до крај, во смисла да држи до српството по секоја цена и затоа успеа во голема мера да биде прифатен, пред се од клирот на римо-католичката црква и од другите вероисповеди кои постојат во Хрватска и Словенија, и затоа не се случија никакви конфликти на црковен или национален план во тие држави, изјави митрополитот г. Петар.

Ние не бевме задоволни од претходниот патријарх и очекуваме токму сега решавање на статусот на МПЦ, односно добивање автокефалност од Вселенската патрихаршија.

– Сметам дека и кај нас, и кон нас, кон Македонската православна црква, ќе има разбирање во поголема мера од сите оние кои досега беа настојчиви по секоја цена да ја омаловажат нашата Црква и да не даваат простор МПЦ да се здобие со својата автокефалност. Исто така, сметам дека патријархот Порфириј ќе има правилен однос кон МПЦ, иако како што е познато тоа зависи од поголемиот број архиереи на СПЦ, односно нивниот став. По тоа прашање ние не бевме задоволни од претходниот патријарх на СПЦ затоа што во повеќе разговори што со него ги водевме, тој секогаш велеше ставот на мојата Црква е мој став, а треба да да биде поинаку, односно ставот на патријархот да биде став и на црквата, во смисла, тој да даде пример, да насочува и да ги согледува условите со кои живее православието за да нема расколи. Очекуваме конечно решавање на статусот на нашата Македонска православна црква, односно добивање автокефалност од Вселенската патријаршија, нагласи во изјава за МИА, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

/МИА

Коментар(3)

  1. Ednas barem tronka poniznost da pokazevme. barem ednas so razbiranje deka crkven status ne e pravo tuku privilegija. ednas da se poklonevme pred Hrista.

    So ovoj proklet narod NISTO nema da imame, nitu drzava kamoli Crkva!

  2. Ovoj vladika nikogas ne e jasen i precizno da kaze od kogo vsusnost toj najposle ce ja dobie taa negova dolgoocekuvana avtokefalnost. Ednas ja ocekua od Moskva pa od Sofija, pa od Carigrad pa najposle od SPC. Pa SPC ne izbra patrijarh za resavanje na neresiviot satus na MPC-OA. Pa za nego Vraniskovski kako da ne postoi, voopsto ne go spomnuva. Pa dobro bre vladiko Petre ne li slusna deka medju prisutnite na intronizacijava prv go spomnaa arhiepiskopot ohridski gg Jovan, pa ti si izgleda gluv ili naiven.

  3. Ovoj Petar ne e ni za klisar vo MPC, a ne pa za vladika da bide. Na obicen klisar po poznati mu se crkvenite propisi.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *