Почетна Интервју Владиката Петар: Ниту се луксузираме, ниту возиме скапи џипови

Владиката Петар: Ниту се луксузираме, ниту возиме скапи џипови

565
0

Ниту се луксузираме ниту возиме скапи џипови, тврди митрополитот преспанско-пелагониски, г. Петар, во изјава за порталот А1 он.

Тој вели дека не се основани обвинувањата во јавноста оти свештениците живеат на висока нога, а додава дека возниот парк со кој располага неговата епархија не чини повеќе од 10 илјади евра.

„Денеска е јасно како ден дека млади луѓе што немаат ни по 20 години возат далеку полуксузни возила од оние што ги возат свештените лица и од оние што епархиите ги поседуваат. Јас мислам дека ниеден свештеник не ја злоупотребува положбата што ја има. Треба да се разбере дека денеска може да земете возило, кое навидум е луксузно, а тоа да е поволно, кое чини 2-3 илјади евра, за разлика од друго возило, кое ќе биде ново, ама ќе е петпати поскапо од тоа. Честопати сме кажувале дека имаме две возила, едното е „ауди 4“, а другото „ауди 6“. Едното возило е старо 19 години и него сме го чувале и сме внимавале на него за сè уште да биде во употреба. Другото е старо 8 години. Нашиот возен парк не чини повеќе од 7-8 илјади евра. Оние што прават пропаганда дека возен парк од 7-8 илјади евра или 10 илјади евра е луксуз, мислам дека е безобразлак бидејќи немаат аргументи, вели владиката Петар.

Комнтирајќи за протестите во Атина, поврзани со спорот за името на Македонија и поддршката што демонстрантите ја имаа од Грчката православна црква, владиката Петар вели дека сето тоа е непримерно. Според него, кога ќе се чујат сите извици од протестите, каде што беше извикувано „Македонија е грчка“, не треба ни да се коментира за тоа.

-Сметам дека тоа не е добро, најмалку во такви игри да се заплетка црквата. Ние имаме целосно право како народ и црква да го штитиме она што е наше, а наше е овој дел од Македонија, кој е така именуван“, додава владиката Петар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *