Почетна Вести Христијанство Владиката Петар: Никој не сака да ни го смени името, туку сами да си го смениме
Владиката Петар: Никој не сака да ни го смени името, туку сами да си го смениме

Владиката Петар: Никој не сака да ни го смени името, туку сами да си го смениме

214
0

Ниту Грците, ни Бугарите, ниту Албанците и Србите, не сакаат да го променат нашето име, туку сакаат да нѐ доведат до ситуација кога самите ќе го промениме името, а тоа значи македонско самоубиство, вели владиката Петар за Алфа.

Обезличнени и обесхрабрени се Македонците во однос на очекувањата, за нас како држава, нација и црква, позитивно да се реши, прашањето за името. Деценискиот проблем во голем дел влијае и на Македонската црква. Иредентизмот, за кој говорат Грците, не е кај нас туку кај нив, вели за Алфа, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

-Оној иредентизам кои Грците сега бараат да се искорени од нашето име, самите го создаваат кога на нивните протести извикуваат дека Македонија е грчка, изјави за Алфа, владиката Петар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *