Почетна Вести Христијанство Владиката Петар ќе ја сече шумата и ќе го руши манастирот во Јанковец за да изгради нов
Владиката Петар ќе ја сече шумата и ќе го руши манастирот во Јанковец за да изгради нов

Владиката Петар ќе ја сече шумата и ќе го руши манастирот во Јанковец за да изгради нов

300
1

За да изгради нов манастир владиката Петар ќе сече 80 хектари висококвалитетна дабова шума во Ресенско Јанковец. Со парите од продажбата на дрвата ќе гради нов манастир Успение на Пресвета Богородица,  но прво планира да го урне стариот затоа што бил дотраен, објавува Телевизија 24 вести.

Проектот е изготвен а се чека потпис од шумското стопанство. Но, селаните се на нозе, нема да дозволат да се исече шумата и да настане еколошка катастрофа во Јанковец. Ако треба и со жив штит ќе го бранат нивното село од поплави и свлечишта.

„Ако се исече оваа шума, околу 100 хектари, целата Преспа ќе ги изгуби белите дробови.“ – вели Јован Радевски, жител на с.Јанковец.

„Тоа е само пара и ако ја сечат, половина од селата ќе отидат.“ – вели Илија Павлоски, жител на с.Јанковец.

„Неофицијално, се работи за околу 1 милин евра кои владиката Петар сака да ги присвои, а нас да не остави без заштитниот знак на манастирот, а тоа е шумата.“ – вели Иван Марически, жител на с.Јанковец.

Пред неколку години со донации изградиле нов манастир до стариот. Иако велат нема потреба за нова градба на старата, проектот бил направен за да се исперат пари. Обвинуваат дека во манастирот досега не е вложен ниту денар иако тие постојано донирале. Подготвени се повторно да помогнат финансиски и физички да се реставрира, а не урне манастирот кој макотрпно го граделе нивните предци.

„Му направивме нов конак со камбанарија. Тие место да градат, рушат.“ – вели Јован Радевски, жител на с.Јанковец.

„Жално е да се руши манастирот. Турците не влегувале во манастири, а нашите владици сакаат да го погазат се што е христијанска вера.“ – вели Михаела Димеска, жител на с.Јанковец.

„Ќе помогнеме со сретства и физичка помош да се реновира манастирот.“ – вели Иван Марически, жител на с.Јанковец.

Владиката Петар пак вели дека црквата нема други средства за обновување на манастирот освен тие од сечата на дрвјата, кои и онака биле болни и неупотребливи.

,,Доколку жителите обезбедат 50 или 100 илјади евра  за црквата ние нема да ја сечеме шумата. Но таа е заболена и за неколку години ќе се исуши. Ако не ја исече манастирот, ќе ја исечат дрвокрадци, па ќе немаме ниту шума ниту црква. Сечата ќе биде законска” – вели владиката Петар.

Но, жителите обвинуваат дека владиката лаже оти шумата е болна и бараат експертска проверка. Тие велат дека сечата е планирана за добивка од 1 милион евра кои ќе завршат во нечиј џеб. Порачуваат одлуката веднаш да се поништи или во спротивно ќе излезат на радикални протести.

Коментар(1)

  1. Ne e vo red da se objavuva nesto ili da se konstatira odnosno da se donese zavrshen zbor ako za istoto ne se slushne i drugata strana.Ve zamoluvam da ne bidete zaloznici na lugje koi Svetata Crkva ja dozivuvaat kako izvor na zadovoluvanje na niskite strasti.Tie koi denes zboruvaat i davat komentari shto ke se sluchuva,istite ne ja znaat molitvata “Oce nash”,ne dosle nitu ednash na Sveta Bozestvena Liturgija a da ne zboruvame za poznavanje na verata.Ljubovta kon manastirot ja izrazuvaat samo na manastirskata slava koga doagjaat da kasnat od manastirskiot grav a pritoa nosat i plasticni sadovi za da odnesat na svoite domashni.Tesko mi e koga slusham deka za eden vakov manastir namesto da bide gordost Presveta Bogorodica,za istite e shumata.Dali ovie lugje se hristijani ili zastale vo vremeto na paganiznost so obozuvanje na shumi i ognovi.So pocit

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *