Почетна Вести Христијанство Владиката Петар избега од претстава со секс сцени во Битола
Владиката Петар избега од претстава со секс сцени во Битола

Владиката Петар избега од претстава со секс сцени во Битола

414
1

Владиката Петар си замина без да ја догледа претставата „Фигурај венерис хисториај“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, во која имаше сцени со алузии на сексуален акт. Претставата беше прикажана на отворањето на 20. Интернационален фестивал на монодрама во Центарот за култура во Битола, пишува порталот „Скамдакажам“

Претставата немаше голотии, туку сцени во кои актерите глумеа дека се сексаат. Битолчани што ја следеа претставата велат дека владиката си заминал токму кога на сцена неколку пара актери глумеле дека водат љубов.

Претставата е работена по најновиот текст од Горан Стефановски, кој за неговото дело има изјавено дека сложениот наслов на драмата крие многу проста порака, дека има нешто порнографско во историјата особено кога ќе дојде до големи колежи, со светските војни како круна на политичката порнографија. Претставата е во режија на Наташа Поплавска.

Вчера на свеченото отворање, во редот за одбрани гости покрај владиката Петар седеа и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, градоначалничката Наташа Петровска, претседателот на жирито Коле Ангеловски и други.

Според програмата на Фестивалот, свеченото отворање требаше да биде со претставата „Пиреј“ на Прилепскиот театар, но поради болест на еден од актерите, оваа театарска куќа настапи со друга претстава. Од денес, па во текот на следните пет дена на Фестивалот на монодрама во Битола ќе бидат одиграни осум претстави од различни земји.

И пред пет години владиката Петар си замина на средината од претставата „Енциклопедија на изгубеното време“ во изведба на театарот од Цетиње, Црна Гора, во која имаше секс сцени, а се прикажуваше на затворањето на фестивалот на монодрамата.

/СДК.МК

Коментар(1)

  1. Dobro bi bilo nasite episkopi da ja prochitaat knigata “sveti Nifont podviznik megu episkopite” , sigurno ke im bide podobro ispolneto vremeto otkolku na teatri ili nedostoinstveni sobiri.
    Da, da Gospodi stanavme teatar na svetov, za potsmev na demonite, zalost na angelite.

Напиши одговор на Prashalnik Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *