Почетна Вести Христијанство Владиката Петар го повика Господ да ја спас Македонија и уставното име

Владиката Петар го повика Господ да ја спас Македонија и уставното име

381
0

Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар, кој вечерва учествува на протестот за одбрана на името Македонија, порача дека само Господ може да ја спаси Македонија.

„Само Господ може да ја спаси Македонија, во оваа ситуација кога сме понижени до тој степен. Ние самите да си направиме наше конечно и духовно и национално опстојување. Има забелешка дека МПЦ не се труди за националниот идентитет, но не е баш така. Жалам што ќе кажам дека некои медиуми не ги објавија ставовите на МПЦ, а други тивко и тоа молкум го соопштија, па така никој речиси не разбра каков став донесе МПЦ на седницата на 26 декември 2017. Ова е ставот на МПЦ – ги реафирмира своите досегашни ставови и уште еднаш апелира до државните фактори да го зачуваат Уставот на РМ, да не се менува Уставот, да не се менува уставната позиција на македонскиот јазик, да не се отстапува од македонскиот национален идентитет и да се зачува унитарниот карактер на РМ. Во овие четири ставови е кажано кој е ставот на МПЦ“, рече владиката Петар.

Тој пред учесниците на протестот рече „Едно име имаме. Името наше македонско дури и ние не го ставивме, Господ го ставил. Во библијата е запишано и во Стариот и во Новиот завет, повеќе од 30 пати е спомнато името Македонија од Свети Апостол Павле, а ги спомнува и елините, односно Грците и Евреите и вели дека е и тој Евреин. И во тоа време се распознавале луѓето дали се Македонци, дали Евреи или Грци. А во тој дух сакам да кажам и не е битно од какво потекло сме, битно е како се чувствуваме. Многу луѓе по потекло не се Македонци, но може се поголеми Македонци од оние кои се по потекло Македонци, но се погрчиле, побугариле или поалбанчиле, но тоа е нивен избор“, рече владиката Петар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *