Почетна Вести Владиката Петар: Црква може да има Црквата, а не Комуна
Владиката Петар: Црква може да има Црквата, а не Комуна

Владиката Петар: Црква може да има Црквата, а не Комуна

666
2

Имотот останува на црквата која е под јурисдикција на МПЦ. Ако некој сакал да приграби имот на име на комуна или на друго, тоа е сосема погрешно. Ние не дозволуваме ако некоја црква треба да биде црква да носи име на комуна, здруженија, организации, компани. Ова е одговорот на владиката Петар за случајот со влашката црква во Битола, што денеска го отвори заедницата на Власите, обвинувајќи го Владиката дека незаконски им го одзел имотот

petar-slВладиката Петар е категоричен за целиот овој случај, нагласувајќи дека барањето на Комуната на власите е целосно неосновано. Според него таа Комуна и никогаш не била сопственик на имотот.

– Сопственик на црква не може да биде некоја комуна или било кој, зашто ни во почетокот не била сопственик. Сопственост на таа црква била црквата, а оние кои се обиделе да ја префрлат на комуната ја направиле грешката, не ние. Ние велиме дека имотот останува на црквата која е под јурисдикција на МПЦ. Ако некој сакал да приграби имот на име на комуна или на друго, тоа е сосема погрешно. Ние не дозволуваме ако некоја црква треба да биде црква да носи име на комуна, здруженија, организации, компани, вели владиката Петар.

Црквата „Св.Константин и Елена“ во Битола, позната и како Влашка црква, ги скара Заедницата на власите и владиката Петар.

Од Заедницата тврдат дека црквата неосновано им била одземена и била префрлена во сопствеништво на МПЦ, односно на тамошната епархија.

Коментар(2)

  1. Браво за објективноста на Канал 5. На нив треба да се огледа и телевизијата која што го гони владиката Петар! И на Плусинфо ја нема изјавата на владиката, до душа знаеме тие за кого работат, не очекував дека и Сител даваат подршка на српскиот владика Јован Вранишковски.

  2. Iskreno, znaejki sto se slucuva vo Avstralija so imotote na crkvite, i apetitot na vladikata Petar, im veruvam na vlasite!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *