Почетна Вести Христијанство Владиката Петар: Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици и Боки
Владиката Петар: Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици и Боки

Владиката Петар: Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици и Боки

321
0

Владиката Петар предлага да се воведе веронаука во училиштата преку која ќе се постигнела духовната обнова на народот.

„Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи, ќе ни се случуваат и Боки, ќе ни се случуваат еден куп работи. Со веронауката сето тоа ќе исчезне, затоа што ако сакате вие преродба на народот, не можете вие само да барате преродба материјална, економска и не знам каква, културна, а душевна, односно духовна да нема. Само преку духовната преродба доаѓаат сите други преродби“, изјави Владиката Петар, јавува Сител.

Тој се надева дека оваа година може да има извесно придвижување по прашањето на автокефалноста на нашата света црква.

-Ние секогаш очекуваме повеќе, отколку што ни се случува. Се надеваме дека во оваа година може да има извесно придвижување по прашањето на автокефалноста на нашата света црква. Тоа нема да зависи само од нас, туку и од општата состојба во православните помесни цркви поради, би рекле, разделеноста што сега постои. Но, ако сите се потрудиме и придонесеме да се најде вистинскиот начин на обединување на Православната црква во оваа поделеност, се надевам дека може да дојде и тој ден и ние како Православна црква, која по постоење сме помеѓу најстарите, но по признавање сме помеѓу последните, да бидеме рамноправни во признавањето. Но, никогаш не е доцна и ние да бидеме во Екумената на православните цркви, во заедница со сите православни помесни цркви, односно, да ја добиеме автокефалноста, изјави владиката Петар одговарајќи на прашањето дали оваа година може да биде пресвртна во признавањето на МПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *