Почетна Вести Христијанство Владиката Петар: Ако се применат православните канони, веднаш ќе се реши афтокефалноста на МПЦ
Владиката Петар: Ако се применат православните канони, веднаш ќе се реши афтокефалноста на МПЦ

Владиката Петар: Ако се применат православните канони, веднаш ќе се реши афтокефалноста на МПЦ

605
0

На православната екумена и се закануваат големи делби, откако Вселенската патријаршија, а по нејзе Александриската и Грчката православна црква ја признаа афтоќефалноста на Украинската православна црква. На тоа, силно се спротистави Руската патријаршија и доби поддршка од Полската црква. Овој процес наскоро ќе продолжи и ќе донесе големи потреси во екумената.

Меѓутоа, веднаш по Украинската црква, во Вселенската патријаршија на ред доаѓа прашањето на добивање томос за афтокефалност на МПЦ, на што силно ќе се спротистави Српската патријаршија како голем поддржувач на Руската правславна црква. Митрополитот Петар вели дека православните цркви доколку се раководат според светите канони и 17- тото правило од Четвртиот Вселенски собор, тогаш ќе се решат сите прашања за афтокефалноста на помесните православни цркви.

-Се додека гледаме во православието на прво место да ги ставиме националните интереси, да ги ставиме нашите државнички интереси и интересите кои се под влијание на државните власти, не можеме да најдеме решение на тоа прашање.

Јас од секогаш сум говорел дека нашето прашање не е црковно, туку е политичко прашање. На наша национална штета е решено нашето политичко прашање околу името на нашата татковина и нација и се што е македонско.

Од таа гледна точка, повеќе никој не може да не обвинува дека поради националистички побуди и цели сме ја воозбновиле афтокефалноста на МПЦ, зашто ние си имавме црква од памтивек- рече митрополитот Петар.

Ова прашање час поскоро ќе се надмине. Сметам дека многу се мудри и веселенскиот патријарх Вартоломеј и рускиот патријарх Кирил. Тие само треба да ги прифатат каноните онакви како што се, а сите црковни правници терба да се изборат за правилата и каноните и за практиката во православната екумена по прашањето на авфтономијата и афтокефалијата и прашањето ќе биде решено за еден ден.

С`е додека црквата потпаѓа под влијание на политиката, таа останува заробена во рамките на нејзините интереси, рече битолскиот владика.

/Alfa

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *