Митрополитот на Берлин и Германија, Марк, од Руската задгранична црква, ја заокружи канонската посета на МПЦ-ОА.
Заедно со верници од Германија, со кои беше во посета на неколку македонски светишта, имаше уште една средба со Архиепископот Стефан, во Архиепископоијата.
Претходно Митрополитот Марк беше во посета и на Бигорсиот манастир, каде заедно со Епископот Партениј отслужија литургија. Бигорски објави информација дека Марк, кој е роден Германец, своевремено тој бил колега и пријател на Блаже Конески, со кого споделувал љубов кон словото и кон духовното. Од тие причини одамна имал желба да ги посети православните светињи на Македонија, особено Бигорскиот Манастир, за кого многупати слушал.
Претходно Митрополитот Марк служеше и во Лесновскиот манастир со Митрополитот Брегалнички Иларион.
Митрополитот Берлински и Германски беше и во посета на манастирите Велјуса и Водоча.

