Почетна Вести Владиката Наум нема амбиции да го смени Архиепископот Стефан
Владиката Наум нема амбиции да го смени Архиепископот Стефан

Владиката Наум нема амбиции да го смени Архиепископот Стефан

1.37K
1

Митрополитите Тимотеј и Агатангел ги сметаат за небулозни и неосновани обвинувањата што Валдиката Петар ги изнесе за Митрополитот Наум.

Во изјавите за дневниот весник „Дневник“, двајцата митрополити велат дека Струмичкиот митрополит Наум, никогаш ниту имал, ниту пак подготвувал каков било план за смена на Архиепископот Стефан, како што во интервју за емисијата на Слободан Томиќ, „Гласот на народот“, обвини Митрополитот Петар.

Синодскиот портпарол, владиката Тимотеј, вели дека таквите тврдења не заслужуваат коментар, но сепак потенцира дека Владиката Петар е тој кој имал амбиции за „Тронот на Охридските Архиепископи“

– Ако некој имал амбиции да го заземе местото на архиепископот Стефан, тогаш тоа бил владиката Петар. Колку што јас знам, струмичкиот митрополит Наум досега не манифестирал такво нешто. Не знам што се тој мисли и какви планови има, но на нашите седници досега немал некаков настап кој би ја открил таквата желба, но и план. Затоа, не би посветувал внимание на вакви изјави. Проблемот кај владиката Петар е што тој сака се да биде по негово, а одлуките ние ги носиме со мнозинство гласови, изјавил за „Дневник“, Владиката Тимотеј.

Владиката Наум, како што пишува „Дневник“ не одговоририл на повикот за коментар на изјавите на г.Петар.

Во истото интервју, Преспанско-пелагонискот митрополит го обвини и Владиката Пимен дека создава „виртуелна црква“ чии верници се само „лајкачи на фејсбук“.

На ова, во изјава за „Дневник“,  Владиката Пимен, но само кусо прокометирал.

-Само би прашал: Според Христовиот критериум, кога примаме удари, треба да го завртиме и другиот образ или уште не удрени да спремаме алиби зошто некој би не удрил?, праша Г. Пимен.

И Владиката Агатангел, за „Дневник“ изјавил дека е сигурен дека владиката Наум нема амбиции да стане Архиепископ.

-Тој ова лично ми го кажа пред шест-седум години кога го прашав. На владиката Петар ќе му помине ова чувство. Жал ми е за тоа што се случуваат вакви конфронтации. Треба првин внатре да се разговара, а потоа да се излегува во јавност, изјавил Повардарскиот митрополит, Агатангел.

 

Коментар(1)

  1. Дедо Стефан е избран дошивотно и не би било канонски да се размислува на такво нешто. Покрај канонските правила Дедо Стефан оној кој подобро го познава и не би ни сакал да биде сменет. Дедо Стефан е човек посветен на православното искрено верување и на МПЦ. Чесен, искрен, дружељубив, гостопримлив и целосно посветен на бога и на МПЦ. Додека не го запознав подобро и јас имав критички забелешки на неговото однесување за пооделни работи. Кога го запознав подобро сватив дека и кога некогаш згрешил во нешто тоа го направил со најдобра намера, но некој го наместил. На почеток не верував, но очите ми ги отвори една верничка универзитетски професот која ми кажа дека премногу им верува на луѓето и дека сакајки да направи добро понекогаш ќе згреши. Кога имав прилика да го запознаам тоа што ми го кажа професорката се потврди и дека Дедо 24 часа е искрено посветен на своите задачи и сесрдно се бори за афирмацијата на МПЦ. Покрај тоа многу се грижи за реновирање и заштита на огромното црковно наследство. Понекогаш знае да смени некоја своја одлука под влијание на некои луѓе, но тоа го прави со најдобра намера. Сите ние сме луѓе и нормално е понекогаш ненамерно да згрешиме, па така и Дедо Стефан сакајки да направи најдобро понекогаш и ќе згреши. Нека не ми замери Дедо Стефан, но би сакал да му дадам еден совет: *помалку да им верува на луѓето и да биде малку построг*

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *