Дебарско кичевскиот митрополит Тимотеј и митрополитот на Имврос и на Тендос г.Кирил, од Вселнската патријаршија, заедно со архимандритот Нектариј и свештеници на МПЦ-ОА со заедничка литургија го одбележаа денот на светите маченички Вера, Наде и Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид.
Владиката на Вселенската патријаршија веќе неколку дена е во Македонија и покрај службите со Бигорската Обидетл, денеска бил во Охрид.
-Митрополитот Тимотеј се заблагодари и за сета досегашна ангажираност и волја со љубов да се разреши нашето црковно прашање, а изрази и надеж дека Вселенскиот Патријарх и понатаму сесрдно ќе се ангажира за целосно признавање и сеопшто прифаќање на нашата света Македонска православна црква – Охридска архиепископија. На оваа благодарност возврати Митрополитот Кирил, кој рече: Вселенскиот Патријарх ги пренесува својата братска љубов и прегратки, лично до Митрополитот Тимотеј, и му ја пренесува целата почит, која сите во Фанар ја имаат за нашиот Митрополит. Денешните доблести и славенички, Вера, Надеж и Љубов, ги препознаваат во нашиот Митрополит, кој е облечен со мудрост, и се молат да продолжи по истиот пат како и досега, да се залага за издавање на Томос за автокефалност од страна на Вселенската Патријаршија, велат од Дебарско-кичевската епархија.
Митрополитот Кирил му предаал на Владиката Тимотеј копија од иконата Достојно ест, најчудотворната икона на Пресвета Богородица на Света Гора. Митрополитото Кирил рекол дека патот што ѝ претстои на МПЦ-ОА (Охридската Архиепископија) е трнлив, но верува, исто како и Неговата Сесветост Патријархот Вартоломеј, дека сето тоа ќе се надмине со помош на Митрополито Тимотеј.