Почетна Вести Христијанство Владиката Јосиф одбрани докторат во Бугарија, присуствуваше и министерот Спасовски
Владиката Јосиф одбрани докторат во  Бугарија, присуствуваше и министерот Спасовски

Владиката Јосиф одбрани докторат во Бугарија, присуствуваше и министерот Спасовски

1.00K
1

Тетовско-гостиварскиот Митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф стана доктор на науки. Својот докторат го одбранил на Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и се стекнал со вокација на професор со титула „доктор“ по професионална насока „Религија и теологија“, пишува „религија.мк“.

Отец Јосиф успешно го одбранил докторатот на тема „Создавањето и развојот на Македонската православна црква од возобновувањето до почетокот на 80-тите години на 20 век.

На одбраната да докторатот присуствувал и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски. Таму биле и Куманковско-осоговскиот митрополит Јосиф и епископот Стобиски Јаков од МПЦ-ОА.

По одбраната на докторатот, делегацијата од Македонија имала средба и со Ректорот на Великотрновскиот универзитет, проф. д-р Христо Бонджолов . Тој потенцирал дека овој Универзитет нашол добри пријатели и партнери во Македонија со кои работи успешно на големи проекти.

Коментар(1)

  1. Neka mu e cestito, samo ne e jasno sto baraat tamu deca, koi site gi znaeme koi se i kakvi se?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *