
Владиката Јосиф на средба со Патријархот Вартоломеј
Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф, во името на Архиепископот Стефан и Синодот на МПЦ-ОА бил во посета на Вселенската патријаршија, на средба со Патријархот Вартоломеј.
Прес службата на епархијата извесува дека Владиката Јосиф му го честитали менденот на Вселенскиот патријах од името на МПЦ-ОА и му подарил икона со ликот на Господ Исус Христос, изработена од вредните раце на монашкото братство од манастирот “Свето Преобажение” – Зрзе.
-На 09.06.2023, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан и на Светиот Архијерејски Синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ -ОА), Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф придружуван, од јеромонахот Атанасиј Арсоски од Скопската православна епархија, оствари средба со Неговата Сесветост патријархот Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија – Фанар, Р.Турција, по повод неговиот именден. Митрополитот г.Јосиф, во име на САС на МПЦ-ОА, му го честита именденот на патријархот и му подари икона со ликот на Господ Исус Христос, изработена од вредните раце на монашкото братство од манастирот “Свето Преобажение” – Зрзе, соопшти Тетовско-гостиварската епархија.
Нема детали дали е разговарано на други теми.