Почетна Вера МПЦ-ОА Владиката Агатангел со Архимандритот Партениј за Мала Богородица во Кичево
precis 1
precis 2
precis 3
precis 4
precis 5
precis 6
precis 7
precis 8
precis 9
precis 10
precis 11
precis 12
precis 13
precis 14
precis 15
precis 16
precis 17
precis 18
precis 19
precis 20
precis 21
precis 22

Владиката Агатангел со Архимандритот Партениј за Мала Богородица во Кичево

469
0

Торжествена прослава за Раѓањето на Пресвета Богородица, или кај народот познат како празникот Мала Богородица се случи во  манастирот  Пречиста кај Кичево. Голем број верници беа дел од вечерната Богослужба, која ја водеше Архимандритот Партениј, но и на утринска Света Литургија.

И за овој голем празник за Бигорската Обител, гостин беше Повардарскиот Митрополит на МПЦ-ОА, г. Агатангел.

-Утрото, пак, го најави своето торжество со радосниот пречек на нашиот драг гостин, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој со посебно умиление и усрдност чиноначалствуваше со празничната Литургија, во чест на славното раѓање на Онаа, Која ја родила и Пречистанската Обител. Антифоното пеење на братскиот и сестринскиот хор од нашите манастири беше прекрасен молитвен венец со кој се круниса возљубената Небесна Владичица, зашто за Неа најубав подарок се нашите соборни молитви и нашето братољубие. Таа љубов се читаше на лицата на сите присутни кои го исполнија велелепниот Пречистански храм. Сета си љубов Владичице наша, сета си милост, прими го сега овој мал љубовен принос, како наша скромна благодарност за твоите штедри изблици на мајчинска нежност, со кои ги погали нашите срца!, велат од Бигорски.

ГАЛЕРИЈА БИГОРСКИ:

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *