Почетна Вести Владиката Агатангел ги поддржа протестите во Велес
Владиката Агатангел ги поддржа протестите во Велес

Владиката Агатангел ги поддржа протестите во Велес

1.19K
4

Повардарскиот митрополит г. Агатангел им се приклучи на велешани кои ја поддржуваат граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и заедно со нив продефилира низ улиците на Велес.

agata 1Митрополитот Агатангел испрати апел до двете најголеми политички партии, да седнат на заедничка маса и да ги решат сите нивни недоразбирања.

-Нека излезат со јасен став дека нема да ја делиме Македонија, која ќе ја сакаме во една целина. Да ги закопаме секирите и да се потсетиме дека Македонија е наша земја. Да потсетиме дека секоја педа македонска земја е натопена со македонска крв и ако го слушаме лелекот на нашите претци треба да се освестиме и да не ги копаме гробовите на оние  кои ги дадоа своите животи за Македонија, за ние денеска слободно да живееме, потсети митрополитот Агатангел.

Коментар(4)

  1. Откако си ги пресели и синот и ќерката во Австралија сега ќе ја спасува Македонија.
    Чувај не Боже од вакви ,,патриоти”!

  2. Ovoj vladika mnogu se razbira od politika. Steta sto nee na nekoja politicka funkcija .Samo malku gresi sto slabo semoli na gospoda, a toa prvin treba da go stori–molitva pa posle politika.

  3. Му благодариме на нашиот родољубив и христољубив Владика г. Агатангел за храброто срце и искрената љубов кон нашиот народ. Секогаш умеел јасно и дејствително да го оприсутни Ликот Христов меѓу народот. Никогаш не се срамел да застане до сиромашните, до онеправданите или до болните и неволните. Се грижи колку што може за бездомниците и за неволните. Неговите молитви се секогаш со македонскиот народ, со неговото свештенство и монаштво. Ова што горните коментатори го онеправдале сигурно е по Божја Промисла за да се исполнат Христовите ветувања: „Блажени сте вие кога ќе говорат за вас секакви лажни зборови заради Мене. Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата!“ Бог да му подари долг век и одлично здравје!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *