Почетна Вести Христијанство Владика од Албанската црква во посета на Бигорски
albanski vladika 2
albanski vladika 6
albanski vladika 5
albanski vladika 4
albanski vladika 3
albanski vladika 1

Владика од Албанската црква во посета на Бигорски

337
0

Митрополитот на Аполонија и Фиер г, Николај, од Православната Црква на Албанија денеска бил во посета на Бигорскиот манастир, каде домаќим му бил епископот Антаниски г. Партениј.

-Во неговата чесна придружба беа: нашиот сакан презвитер отец Николај од Тирана, ѓаконот Николај и десетина православни верници од Фиер. Ценетиот Владика и неговите сопатници беа пречекани достоинствено од нашиот Старец и Игумен, Епископот Антаниски г. Партениј и од присутните браќа во Манастирот. По многулетието и објаснувањето во храмот, гостите беа примени во големиот синодикон, каде што разговараа со Старецот за повеќе актуелни теми во Православието. Во продолжение, Архимандритот Доситеј им ги покажа главните содржини на манастирот, вклучувајќи ја Книгохранителницата. Таму, во Книгата за впечатоци Митрополитот г. Николај го напиша следново: „Светиот Дух, Кој го просветлува секој човек што доаѓа на светов, да ги просветува и да им дава сили на браќата монаси кои се молат и се подвизуваат во овој свет манастир. Со благослов и љубов во Христа, Митрополит на Аполонија и Фиер Николај“, велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *