
Владика на ГПЦ гости на МПЦ
Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г.Дамаскин, од Грчката православна црква гостин на МПЦ-ОА. На оокана од стручимичакта епархија, за празникот Рождество на Пресвета Богородица, служел Литургија во храмот „Покров на Пресвета Богородица и Св.Леонтиј’ во Водоча во сослужение со надлежниот Митрополит Струмички Наум и неговиот Викарен Епископ Стобиски г.Јаков.
Митрополитот од ГПЦ имал средба и со Архиепископот г.г. Стефан во Скопје
По литургијата во Струмица зборувал за предизивиците на црквата.
– За време на Литургијата се потсетив на зборовите „колку е добро кога браќата живеат заедно“. Сите заедно околу Светата трпеза и да Го возљубивме Оној што ни го подари животот и Оној што ни ја подари перспективата на спасението, бидејќи гревот не оддели од Живиот Бог. Денеска се собравме овде да го прославиме големиот празник Раѓањето на Пресвета Богородица, бидејќи таа е причина да се роди Бог и да се роди нашата надеж за спасение. Таа е која нѐ води и ни го покажува патот на спасението кој е Исус Христос. Таа е која нѐ прегрнува, и во среќни и во тажни моменти во нашиот живот, По завршувањето на Литургијата, Владиката г.Дамаскин се обрати на верниот народ.
Зборувал и за предизвиците пред кои се исправени сите балкански земји.
-Треба да бидеме свесни за светоста на семејството. Семејството е клетка на животот. Бог ја продолжува својата творба преку благословен брак и благословено семејство. За жал од запад ни доаѓаат многу верувања кои се туѓи за нашето верување и многу туѓи и непознати за културата на балканските народи. Затоа ве молам сите, да ги образувате вашите деца во христијанската вера, да бидат секогаш блиску до Црквата, до Христос и до Богородица.
Митрополитот Струмички г.Наум се заблагордарил на Високопреосветениот Митрополит г. Дамаскин за големата љубов за сите нас и за нашата Црква.
Г.Дамаскин се заблагодари и на градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов за неговото присуство на Литургијата, истакнувајќи дека нивната работа е заедничка, да го водат народот по вистинскиот пат. Владиката г.Дамаскин му подари на градоначалникот Костадинов икона на Пресвета Богородица во знак на благодарност и почитување.
Возвратно и градоначалникот Костадинов на Митрополит г.Дамаскин му подари пригодни подароци со порака дека Струмица секогаш ќе го пречека со раширени раце и отворено срце.