Почетна Вести Христијанство Владика Јосиф – Газдите да го почитуваат правото на верниците на неработен ден
Владика Јосиф – Газдите да го почитуваат правото на верниците на неработен ден

Владика Јосиф – Газдите да го почитуваат правото на верниците на неработен ден

385
3

Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф од централното празнување на Успението на Пресвета Богородица во неговата епархија, во тетовски Лешок по празничната проповед упати апел сопственици на фирми да го почитуваат правото на верниците на неработен ден определен од државните институции.

На ваков апел се одлучил поради случката од изутринава уште пред да почне со литургија кога сретнал вернички кои брзале да ја посетат црквата, па да одат на работа.

-Станав малку порано да прошетам по дворот на манастирот и забележав петнасетина жени кои побараа порано да се отвори црквата. Тоа и го направивме, да направат почит и чест кон Богородица-рече владиката.

Митрополитот им порача сопственици и директори на фирми да им овоможат да работници верници да го искористат правото на неработен ден и да не им забрануваат да дојдат во црква.

-Бев вчудоневиден зошто толку рано дошле да направат чест на Богомајката, кога една од жените кажа дека денеска е на работа во една конфекциска фирма овдека во Тетово. Бидејќи денеска е неработен ден, црквата празнува. Бев вчудоневиден кога дознав дека и газдата, директорот е православен. И уште толку се растажив. Знаете кај Албанците итекако си ги почитуваат празниците и нема да работат на ваков тежок празник. Како владика ми е должност да кажам, бидејќи сепак се нарушени тие верски права на нашите вернички денеска. Би сакал да пратам една љубовна порака до тие газди, директори на фирми , совет, да внимаваат бидејќи нема благослов од таа работа, да се работи на вакви тешки празници. Би ги запрашал дали тие воопшто имале мајка, дали нивната мајка им всадила некакви чувства на љубов, на емоции. И на крај дали биле на погребот на сопствената мајка, па да им забранат да дојдат на нашите вернички овде во храмот да го празнуваат Успението,упокојувањето на Богородица. Нека Бог по молитвите на пресвета Богородица нè помилува сите ни дава разум, љубов и вера – рече владиката Јосиф.

Празнувањето денес започна со Света архиерејската литургија од 8 часот и 15 минути во црквата Свети Атанасиј во истоимениот манастирски комплекс во тетовски Лешок. Верниците масовно го посетуваат манастирскиот комплекс, а воочи денот се организира народен собир.

/n.makedonija

Коментар(3)

  1. Ви благодарам што го покренавте ова прашање. Денес, за жал, има христијани активни верници кои заради големата безработица се принудени да работат безмалку секоја недела. Навистина е за восхит што сѐ тие луѓе прават за да успеат што почесто да присуствуваат на богослужбите, кога веќе не можат на Литургија. Бог да го благослови нашиот православен верен народ, големи борци се тие луѓе. И според Вашиот светол предупредувачки збор да ја разбуди совеста на немилосрдните работодавци.

  2. Кој ли крвопиец, пардон “газда“ го има дислајкнато ова?
    Треба поактивно да се бориме сите, на чело со архијерејите и јерејите неделата повторно да биде ден за одмор за сите. Впрочем и онака стари рекле: „Празникот празно носи!“, па никој аир ни видел ни ќе виде од тоа што работи на празник. Треба и да не пазаруваме во недела.

  3. I gi prasa Isus Faraseite.Dokolku edinstvenoto Tele vo Sabota vi padne vo dupka ke go ostavite da umre deka e neraboten den ili ke go spasite.Sum da ne se raboti za praznici no svatete deka vo privatniit seltor toa e tesko da se ispocituva sekogas pa taka od mnogubrojni praznici ne se moze site da se ispocituvaat so nerabotenje.A od site tie koj ne rabotat za toj praznik se prasuvam kolku go praznuvaat kako treba a kolku go iskoristuvaat neidenjeto na rabota za pijancenje i prejaduvanje.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *