Почетна Вести Христијанство Владиците Тимотеј и Наум биле во Фанар на покана од Вартоломеј
timotej carigrad 1
timotej carigrad 3
timotej carigrad 4
timotej carigrad 2
timotej carigrad

Владиците Тимотеј и Наум биле во Фанар на покана од Вартоломеј

1.77K
0

Дебарско-кичевската епархија објави информација за посетата на црковната делегација на МПЦ-ОА на Вселенската патријаршија, но нема детали што е разговарано на средбите.

Од соопштението на ДКЕ станува јасно дека делегацијата во Фанар била два дена и имала интернзивни контакти со Патријаршијата и со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. Владиката Тимотеј, кој ја предводел делегацијата и владиката Наум биле во Фанар по покана од Патријархот Вартоломеј, а присуствувале и на приемот за новиот Кипарски Архиепископ Георгиј.

-Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во придружба на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, на свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, на 02 и 03 март оваа година, беше на поклонение на светињите во Великата Вселенска патријаршија. Митрополитот, заедно со придружбата, беше примен и од страна на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј, а на негова покана, присуствуваше и на првиот официјален прием на новиот Кипарски Архиепископ г. Георгиј, стои во соопштението.

Од фотографиите исто така се забележува дека имале некоколку средби со Вартоломеј во двата дена колку што биле во Турција.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *