Почетна Вести Владиците Пимен и Јосиф ја исмеаја небулозната такса на братот Агатангел
Владиците Пимен и Јосиф ја исмеаја небулозната такса на братот Агатангел

Владиците Пимен и Јосиф ја исмеаја небулозната такса на братот Агатангел

2.67K
3

Европскиот митрополит г Пимен и Тетовско-гостиварскиот г. Јосиф ја исмеаја небулозната одлука на Повардарската епархија и владиката Агатангел да воведе нова такса за сликање пред и во црквите за време на венчавки и крштевки.

Двајцата владици на МПЦ се сликале пред една од црквите на МПЦ-ОА во Малме – Шведска со порака „пред воведувањето на сликарината. Дур е бесплатно“.

Сосема јасна е пораката што владиците Пимен и Јосиф му ја испратија на својот брат Владиката Агатангел, особено што денеска оваа информација предизвика остри негодувања во јавноста.

Коментар(3)

  1. Како внука, чукун чукун внука на првиот поп во Тетово – поп Андреја ќе ви се обратам. Ваквиот јавен настап не Ви е доличен затоа што сте духовни водачи на народ. Вашите внатрешни недоразбирања расчистете ги внатре, не дозволувајте народот и Вашите чеда да го гледаат ова. Бидете достојни кон она кон што се определиле…. Да не должам, македонскиот народ доволно е разединет, сплотете го, вратете му го духовниот мир, не го сејте семето на цинизмот…

    1. Gi podrzuvam dvata komentara vo celost.Sram da i e na” vladic”duhovni lica javno da se ismejuvaat na drug vladika, covek koj e revnosen i e so narodot.Da prestanat so nivnite neumesni odnesuvanja vo javnosta.

  2. Присуството на фотографите во храмовите најчесто ги профанизира Светите Тајни до мера којашто требаше добро да ја видат очите на Епископите и да најдат соодветен против-лек на раните што му ги задава и на онака кревкото духовно ткиво на учесниците во венчалните обреди – или полесно е да се биде шоумен отколку строг и доследен свештеник? Ниту Св. Василиј Велики ќе го измислеше иконостасот ниту Св. Јован Златоуст ќе беседеше толку ревносно против сите видови внесување нечистотии во духовниот квас кај храмовите чинодејствија и против неразумното среброљубие ниту ќе имаше потреба толкумина Свети Отци да се трудат да ја укрепат тврдината на Црквата пред разните напади на светот ако беше широк и едноставен патот до благодатта при црквите сред градскиот метеж. Фотографите и камерманите заработуваат на името Божјо, но често Го исмејуваат Бога за време на венчавките. Наместо да се потсмевате со дедо Агатангел, требаше многу посериозно и понелицемерно да се позанимавате со ова прашање, а не да трчате да му угодите на светот со неговите соблазни. Навистина не е духовито. Невкусно и загрижувачки е.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *