Почетна Вести Христијанство Владиците Петар и Тимотеј на заедничка служба во манастирот Зрзе
Владиците Петар и Тимотеј на заедничка служба во манастирот Зрзе

Владиците Петар и Тимотеј на заедничка служба во манастирот Зрзе

351
1

На 19 август 2019 година, кога Православната црква го празнува Преобразувањето на Господ Исус Христос Митрополитите Преспанско-пелагониски г. Петар и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, биле гости на Епископот Хераклејски г. Климент на Света Божествена Литургија во манастирот посветен на „Преображението Господово“, во село Зрзе, Прилеп.

Иако оваа вест за литургија за Преображение би била сосема вообичаена, сепак овој пат заслужува посебно внимание. Причината е што овие двајца владици во МПЦ-ОА важат за исклучително влијателни и честопати се на различни страни и позиции кога станува збор за теми од интерес на црквата. Една од таквите теми е и состојбата со дијаспората на МПЦ-ОА во Австралија. Двајцата се администратори на епархии, откако МПЦ-ОА одлучи епархијата во Австралија да ја подели на две епархии.

Епископот Хераклејски, Климент, пак имал причина да ја зголеми радоста за празникот во манастирот каде што е и Игумен.

За многу години

Коментар(1)

  1. И во Зрзе на Преображение ја најдовте Австралија … оставете ги Владиците да си ја водат работата … не судете, не соблазнувајте, не искушувајте, не подбуцнувајте, не оговарајте … Славете достојно и посветете се на верата и на празникот …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *