Почетна Вести Христијанство Владата, МПЦ-ОА и градот Скопје повикаа вечерва граѓаните да не палат бадникови огнови
Владата, МПЦ-ОА и градот Скопје повикаа вечерва граѓаните да не палат бадникови огнови

Владата, МПЦ-ОА и градот Скопје повикаа вечерва граѓаните да не палат бадникови огнови

58
0

Граѓаните вечерва да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух, апелираат од Владата.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање ја поздравуваат одлуката на Град Скопје и општините во Градот да не донираат дрва за бадниковите огнови и во исто време апелираат до другите општини во државата да се приклучат кон оваа иницијатива

Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во Скопје, соопштуваат од градската управа.

Потсетуваат дека палењето на огновите на отворено, независно од поводот е строго забранет и за таквиот прекршок казни може да изрекуваат градските и општинските инспекциски служби и полицијата.

Местото на празнување е во црквата, а не крај огновите – велат од Македонската православна црква. Апелираат – наместо да се палат бадникови огнови, дрвата да се донираат на оние на кои им се најпотребни, а христовото раѓање да се одбележи со присуство на богослужба во црквите.

Свештениците од МПЦ велат дека коледарските огнови не се традиција која е во согласност со преданието на христијанската вера. Сметаат дека огновите се пагански, а не христијански обичај.

И покрај апелите од Владата, МПЦ, Градот Скопје, некои од скопските општини најавија дека вечерва ќе гори бадников оган. Велат дека овие повици не треба да ги сопрат граѓаните во одржувањето на одредена традиција и меѓусебното дружење.

/СИТЕЛ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *