Почетна Вести ВИДЕО: Вооружени полицајци ги тераат жените да ги соблечат буркините на француските плажи

ВИДЕО: Вооружени полицајци ги тераат жените да ги соблечат буркините на француските плажи

296
0

Фанцуската полиција принудила една жена која лежела на плажа во Ница во вторникот, да го соблече буркинито, а друга била казнета во Кан бидејќи на плажа носела хеланки, туника и марама на главата.

Ова се случува откако ова лето, градоначалникот на Кан, забрани на плажите да се носи буркини за да, како што рече, се избегне двоењето на луѓето и за да се заштити секуларизмот во француското општество.

Казната за непочитување на оваа забрана изнесува 38 евра и таа важи до крајот на август годинава.

Франција првично забрани носење хиџаб (целосно покривање на жените и девојчињата, освен очите) во училиште, оправдувајќи го тоа со безбедносни причини и со неможноста од идентификација на жената што го има на себе, но и за дискредитирање на исламизмот и за одбрана на секуларизмот.

/ЛИБЕРТАС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *