Почетна Вера ВИДЕО: Водици со бигорските монаси

ВИДЕО: Водици со бигорските монаси

2.94K
0

Христијанскиот празник, Богојовленије, или Водоци беше одбележан и во реканскиот крај, каде водите на реката „Радика“ ги освети, Архимандритот на „Бигорскиот Манастир“, отец Пертениј.

-Секој голем празник за Бигорската Света Обител е искуство на радост и обновување. Но овој празник на благодатта со посебна светлина го бои бигорскиот небосклон, бидејќи на него блеска тајната на славниот негов патрон Св. Јован Крстител, сведокот на Троичното јавување, кој на овој светол ден послушно ја положи раката своја на пречистата глава на Спасителот и Го крсти, исполнувајќи ја така целта на своето постоење.  Денес монашкото братство го празнува тоа неискажливо таинство, споделувајќи ја со својот небесен застапник, радоста и очекувањето на немирните струи на Радика, која брза кон своето осветување. Собрано во возобновениот ростушки храм, заедно со големото мнозинство верници, не само од околината туку и од целата наша татковина, на Богојавленската Литургија ги примаа жедно благодатните зраци што извираа од секој стих, секој празничен напев, секој восклик на серадосниот тропар, велат монасите од манастирот.

Погледнете низ фототографиите и видеото од „Бигорски“, како помина одбележувањето на Водици.

Водици 2016 – Литија from Bigorski Manastir on Vimeo.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *