Почетна Вести ВИДЕО: Маж ја крши централната икона во црква во Аеродром

ВИДЕО: Маж ја крши централната икона во црква во Аеродром

2.50K
0

Машко лице во петокот во два наврати влегло во црквата Свети Стефан во скопски Аеродром и ја искршил централната икона удирајќи ја со лакт.

Првиот инцидент се случил во 14 часот и 15 минути на 6 октомври 2017 година, а вториот четири часа подоцна во 18 часот на истиот ден.

Од видео снимката на безбедносните камери, до која дојде „Религија.мк“ се гледа како лицето влегува во црквата удира со лактот во централната икона, ја напушта црквата и демонстрира агресивност и потоа заминува. Повторно се враќа во дворот на црквата околу 18 часот и 30 минути, но овој пат прво заминува позади црквата од каде преплашанео бега женско лице. Според изворите на „Религија.мк“ станува збор за лице кое е задолжено за одржување на црквата, кое во страв бега од дворот на црквата. Потоа на истиот начин вандалот влегува во црквата и повторно со лакт удира по иконата.

Откако случајот бил пријавен во полиција, припадници на МВР го откриле идентитетот и лицето било приведено. Според нашите информации, станува збор за лице со нарушено психофизичко здравје.

Инаку, овој не е единствен инцидент кој се случил во оваа црква. Извесен период пред овој настан, најверојатно истото лице секојдневно доаѓало во црквата ги гасело сите свеќи и плукало сите икони.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *